Пензионерите од цела Македонија повторно на протест во Скопје, овој пат пред Собранието

Пензионерите од цела Македонија повторно на протест во Скопје, овој пат пред Собранието

Пред Собранието никако да се смири револтот од највозрасните граѓани во државава, кои со месеци бараат достоинствени примања. Пензионерите од цела Македонија денеска повторно протестираат во Скопје, но овој пат пред Собранието, Зашто, како што кажаа – изгубиле доверба во владата и премиерот, кои на нив се сеќаваат само пред избори за да ги поткупат. Сега, решени се да бараат поддршка од пратениците.

Ја изгубивме доверба во Владата и сега се крстиме во пратениците, од кои очекуваме да не поддржат во нашите барања за достоинствени пензии. Највозрасните граѓани од цела Македонија повторно дојдоа да протестираат во Скопје, но овој пат пред Собранието, зашто, како што кажаа – владата и премиерот, со месеци се глуви на барањата за раст на нивните примања, и на пензионерите се сеќавале само пред избори за да ги поткупат.

И од Иницијативниот одбор на прилепските пензионери беа присутни на протестот. Верче Јаневска спомена дека министерската Тренчевска им рекла дека 5.3 проценти зголемување на пензиите биле многу за нив.

  • Ние не сме јаделе како нив. Таа нека ги извади шамиите кои ги носи, нека не го иритира народот, туку нека застане и нека каже што таа направи за пензионерите во нејзиниот мандат, рече Јаневска.

Пензионерите не отстапуваат од барањата за минимална пензија 18.000 денари, линаерно покачување од 5.000, како и укинување на партиципацијата за жени од 62 и мажи од 64 години.

Единствени кои ги поддржаа беа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои дојдоа пред Парламентот, и им ветија дека по промената на власта ќе бидат реализирани сите барања за достоинствен живот.

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ изразија поддршка за пратениците и рекоа дека следната влада која ќе ја предводат тие ќе ги поддржи пензионерите во нивните барања.

  • Ние како ВМРО-ДПМНЕ се соживуваме со маката што ја имате вие. Преживувате со минимални средства и немате достоинствен живот. Во нашата програма која ја подготвуваме, ќе ги ставиме барањата кои вие ги имате, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски.

Пензионерите кои од сите градови дојдоа на протест пред Собраниeто, револтирани им ги оставија износените обувки на функционерите, кои како што кажаа, ги искинале протестирајчи по улиците.

  • Наместо да одиме напред со пензиите, ние се враќаме назад, очигледно дека пензионерскиот систем не е добар.Револтот е голем и итно треба Владата да го реши нашиот проблем, смета Давитков и дополни дека нивните барања ги понделе до Парламентот.

Моне Горгиев од Кочани, секретар на Здружението, рече дека имаат поддршка од една политичка партија, чии пратеници им рекле дека најбрзо штом ќе дошле на власт, ќе ги решеле проблемите на пензионерите.

  • Пензијата не стига да ги подмириме месечните трошкови како што се струја, вода, храна и лекови. А за нешто друго како што е бањско лекување, за тоа нема теоретски шанси да се обезбедат средства. Пензионерот е доведен до работ на егзистенцијата, нагласи Горгиев.

Пензионерите сметаат дека Владата со новите антикризни мерки во кои се вклучени и тие, само сакала да ги поткупи пред избори, но тоа, како што кажаа, немало да се случи, оти не сакаат еднократна помош, туку долготрајно решение.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста