Пендаровски ја најави кандидатурата за претседател, покажал дека не го контролира и не ги диригира неговите одлуки

Пендаровски ја најави кандидатурата за претседател, покажал дека не го контролира и не ги диригира неговите одлуки

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја најави својата, како што рече, граѓанска кандидатура за претседател на државата.

Тој очекува во недела, на 3 март и СДСМ на Конгресот да ја формализира својата поддршка за неговата кандидатура, а веднаш потоа од понеделник тоа да го направат и останатите политички партии од таа коалиција.

Пендаровски најави дека ќе присуствува на Конгресот за да се заблагодари на поддршката, по што најави средби со партиите од коалицијата за да слушне идеи кои би ги вградил во програмата.

Пендаровски ги повика сите граѓани од 3 март да му дадат поддршка со давање потпис во подрачните единици на ДИК и ги образложи причините за неговата кандидатура.

– Првата и главна причина е што зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера и ниту еден случај на непотизам или судри на интереси поврзани со мене, со моето семејство, со моите роднини, пријатели или најблиските соработници. Бев национален координатор и ги предводев преговорите за членство на Македонија во НАТО и во мојот прв мандат станавме членка на Алијансата, а во вториот мандат очекувам да станеме членка на ЕУ. Јас сум Македонец, но во изминативе 5 години, не постои ниту еден единствен случај кога моето етничко потекло било причина некого да фаворизирам или да деградирам. Покажав дека претседателот може да биде независен од кој било центри на политичка или економска моќ во државата, вклучително и во однос на оние кои го поддржале на изборите. Во нашата држава не постои човек или партија која може да каже дека ме контролира или ги диригира моите одлуки – рече Пендаровски.

Тој ги повтори своите ставови околу трите клучни договори за Македонија.

– Рамковниот договор ја исполни својата историска улога и ја засили а не ја поткопа внатрешната кохезија на Македонија. Најмногу и заради Рамковниот договор станавме држава кандидат за членство во ЕУ, Преспанскиот договор го овозможи нашиот влез во НАТО и го потврди постоењето на Македонците и на македонскиот јазик на глобално ниво. Договорот со Бугарија не беше спорен цели три години. Истиот договор со истата таа содржина, стана проблем кога Бугарија под притисок на својата стара комунистичка националистичка гарда почна да измислува причини за блокада кои ги нема во Договорот. Тезите дека некој ќе ја промени преговарачката рамка со ЕУ и ќе направи подобар договор со Бугарија се политичка фатаморгана – додаде тој.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста