Супермен и Бетмен

Супермен и Бетмен

Изборите во жариштето на светската демократија и прогрес – САД влегуваат во
критична фаза во поглед на изборот на кандидати за Претседател и, во нивниот исход
целиот свет гледа една или друга резолуција за состојбите на меѓународен план.
Метафорично, овие избори се опишуват со карактери од суперхероите во кои
Демократскиот кандидат се претставува како Супермен додека Републиканскиот
кандидат најчесто е суперхеројот Бетмен. Можеби способностите на супермен многу
асоцират на аристократските идеи за надчовек од минатите векови кои во новиот век ги
прокламират често левичарите. Републиканците пак, како конзервативни господа се
поистоветуват со Бетмен, оној карактер на џентлмен кој редовно ja спасува урбаната
приказна за Готам.
Оваа приказна на езотеричко ниво е уште поинтересна. Демократите кои се наследници
на ториевците (односно круната) уште се потпират на мистеризните редови (јоанити и
тевтони). До скоро, велат, имале заедничка агенда и со темпларите. Односно масони
републиканци кои ги основаа Соединетите држави како првата светска република и
демократија. Но, од поново време разгореното Темпларско востание зазема се поголем
замав. Сликите со жолти елеци кои протестират додека во непосредна близина горат
језуитските катедрали се уште се свежи. Се појавија интересни ликови кои преку
интернет ги шират идеите за крај на Новиот светски поредок, а се претставуват за група
на дисиденти кои имат заеднички идеи со пријатели од Европа но и од Русија.
Едните, своите пари ги чуват во Швајцарските банки, додека пак другите по разни
острови. На нашата домашна сцена до неодамна имаше обвинувања за нечии пари во
швајцарски банки, а за други во оф шор компании од егзотични осторови па, од прилика
може да се утврди и македонската верзија на приказната на езотеричко ниво.
Но, ако се вратиме во суровата реалност ние како обични граѓани и смртници претежно
ги гледаме оние двајца постари господа кои меѓусебно се натпреваруват во САД. Во тек
се прелиминарните избори во кои на утврдена дата во сојузните американски држави се
изјаснуват делегати што како процес треба да заврши пред датата на официјалните
избори во Ноември.
Актуелниот Претседател на САД Џо Р. Бајден засега се смета за фаворит на
Демократите. Сепак постојат гласини и во друг правец. Некои велат дека новиот
кандидат ќе се појави токму во моментот откако Бајден ќе ги собере и однесе со себе сите
критики за актуелните состојби. Едно од имињата кои се претпоставуват како
противкандидат е Мишел Обама сопругата на поранешниот Претседател. Вакви анализи
може да се разберат од либералните медиуми кои ги поддржуват токму Демократите.

Во средината на март републиканското мнозинство треба на сесија да одобри помош за
Украина. Доколку тоа не се случи тогаш повеќе од јасно е дека Бајден нема да оствари
особена поента со дискурсот на политика за Украина. Секако ако се случи, ќе биде
јасно дека републиканците не се особено лојални и стабилни околу изборот на Трамп.
Според досегашните анкети и текот на прелиминарните избори Доналд Трамп е фаворит
на Републиканците. За себе Доналд Трамп вели ,,јас сум американскиот Навални’’. Се
чуствува како жртва пред обвинувањата и пријавите кои му се поднесени, од кои
најпроблематична е онаа дека направил измама со финании. Како еден од негови
противкандидати се појавува Ники Хејли амбасадор во Обединетите нации и ќерка на
индиски имигранти. За неа во одредени извори можеда се сретне дека ја има поддршката
од воено индустрискиот комплекс. Ако се има предвид дека воено индустрискиот
комплекс на САД значајно се развива откако руската царска армија со бродови
пребегнува таму во 1917 година, тогаш работите и во овој табор стануват појасни.
Европската Унија нема посебни очекувања од изборите во САД иако повеќе од јасно е
дека за да продолжи актуелната политика на ЕУ нужна е победата на Џо Бајден.

Повеќето аналитичари за разлика од бирократите на Европската Унија тврдат дека
политиката на судир со Русија и проблемите на Блискиот исток се штета за Европската
Унија. Судирот со Русија не само што нанесе голема економска штета туку може да значи
и директна закана по мирот и стабилноста. Судирите околу блискиот исток создадоа бран
на мигранти кои едвај се вклопуват во Европското општество. Предлог политиката на
Трамп пак, за американска контрола и конфликт со Кина всушност ќе значи голема
економска штета за ЕУ заради трговската размена. Европа е во сериозна криза заради санкциите кон Русија кои најмногу и нанесоа штета на Германија . Во меѓувреме, Франција тивко ја изгуби својата улога во Африка каде постојат стотина милиони луѓе кои зборуват француски јазик. Русија најверојатно го очекува олеснувањето што би се случило доколку се актуелизират предлозите на Трамп. Односно Украина да почне да преговата за мир. Како што вели тој ,, да се преговара над главата на Зелински’’. Сепак изјавата на Рускиот Претседател во иронија беше дека за Русија најдобар е изборот на Бајден, неговиот портпарол Песков го асоцира актуелниот американски претседател со ,,каубојски филм’’.

На македонски народно кажано работата со овие избори е ,,ни јаре ни магаре’’.
Симбол на демократите е магаренцето, еден од симболите на републиканците е јарецот
покрај официјалниот симбол на слон. А состојбата е таква, затоа што притисокот под кој
се најде македонската нација од администрацијата на демократите е пример за тоа како
се реализира новиот изглед на светскиoт поредок. Но, сепак да не заборавиме дека
Трамп беше Претседател на САД и во времето на потпишувањето на Преспанскиот
договор. Значи, Супермен не го сопре вртењето на земјината топка заради спасот на
Македонија, а Бетмен веќе имаше тешка но, неуспешна задача да помогне во
Македонија. Од друга страна Руските и Кинески суперхерои немат над човечка моќ. Тоа се ликови
кои решават проблеми но, немат супер моќ. Во Русија и Кинa стрип ликовите ги цртат
како обични детективи или со боречки вештини. Но, не можат да летат. Не можат да
одат под вода неколку часови без кислород.
Како што стојат работите во светот, потребата од суперхероите станува се’ по актуелна,
па затоа предизборните пропаганди ги имитират токму нив. Претседателот Путин
неодамна се качи на воен авион Ту-160 со што асоцираше дека умее да пилотира и да го
држи копчето за стрелање. Иако самиот не е обучуван за пилот тој покажа дека – умее да
лета. Во Русија на Претседателските избори во 2024 година неговиот избор засега не е
доведен во прашање. Во меѓувреме Премиерот на Индија Моди влезе под вода на
голема длабочина да се поклони во еден потопен храм. И неговата позиција пред
изборите во април – мај е повеќе од гарантирана.
Иако сите го знаат исходот од сценарио со суперхерој парадоксално неговата гледаност
достигнува рекорди . Порано, кога некој филмски блокбастер со Супермен или Бетмен ќе
се објавешe во Холивуд кај нас доаѓаше по неколку години како пиратска копија во
локални телевизии или на видео касети.
Во Македонија во однос на претстојните двојни избори најдобро ќе биде да ги оставиме
настрана странските суперхерои и нивните имитатори. Особено затоа што времето кога
тие биле создадени ( 1938/1939) кај нас се појавиле вистински живи суперхерои кои
успеале да ја основат Македонија како држава. Денеска нам сосема ни е доволен
нивниот жив пример и идеи за да си ја спасиме нацијата и државата.

Петар Трајков

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста