Пчеларот кој треба да плати казна од 10 илјади евра ќе се жали во Стразбур

Низ голготата низ која што поминав изминативе 8 години се соочив со сета суровост на нашиот прасуден систем, почнувајќи од основниот суд во Охрид, завршувајќи со Апелациониот суд во Битола кои  ме прогласија за виновен и донесоа, а потоа и ја потврдија судската пресуда за наводно каснување на пчела со што сум пргласен за виновен и на охриѓанецот Васко Паскали треба да му исплатам сума од околу 10.000 евра, вели пчеларот Лазо Грзданов. Тој е решителен и правдата ќе ја бара во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а до тогаш ќе бара начин како да ги собере парите кои треба да ги исплати за нешто, за што како што вели- не чувстува нити грам одговорност.

„Ќе се задолжам, ќе морам да најдам начин во оваа држава, за да не го оставам семејството на цедило,ќе продаваме нешто, било што.Лудилото нема крај,не гледаме начин како поинаку да се справиме со овој систем.Пчелите и пчеларството не треба да бидат жртва на одредени поединци кои што мислат дека можат на направат се’  и сешто имајќи и чувстувајќи ја власта како позадина во остварувањето на нивните лични цели,вака да се премеруваат со нас пчеларите“ – вели пчеларот Лазе Грозданов.

 Слепо верував дека институциите ќе стават крај на лудилото кое што започна во 2014 година,  но не ми е јасно зошто требаше да поминат цели 8 години од наводното каснување,за јас и моето семејство да бидеме малтретирани и влечнени по судови додова Грозднов.Тој ја има поддршката од сите пчелатски здруженија во земјава.

Тони Јосифоски-претсед.на пчеларско здружение Охрид „Крајно сме згрозени од оваа судска одлука и едноставно сите се плашиме ,не знам дали ќе продолжиме фактични со чување на пчелите, ова е резил за правниот систем. Пресудава е ептен лаички и монтирана да речам“ – вели Тони Јосифоски, претседател на пчеларско здружение „Охрид“.

Ова е единстен случај во Македонија,во државава има 8.000 плечари чии семјства живеат од пчеларство, со предметната пресуда ставени сме велат пред свршен чин и размислуваме за намалување на пчелниот фонд.

Грозданов судот го обвинува дека превезувал пчели во недоволно обезбедени сандаци и дека од нив се дигнал рој пчели што,за пчеларите е несвојствено.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста