БРВЕНИЦА ОСТАНУВА „ЦРНА ТОЧКА“ ЗА ВОЗАЧИТЕ!

Местоположбата на тетовска Брвеница е причина за голема сообраќајна фреквентност, со тоа и многу сообраќајки во кои често страдааат пешаците. Граѓаните алармираат дека брзо се вози, а мерките на полицијата се недоволни. Општината со ткн лежечки полицајци прави обид да ги натера несовесните возачи поспоро да се движат, особено на главната улица која е дел од регионален пат.

За подобрување на сообраќајните состојби, односно намалување на метежот, општината чека на исполнување на ветеното на Министерството за транспорт и врски и претијатијата за патишта дека ќе се изгради клучка за излез од Брвеница директно на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар.

„Ние како општина дадовме барање до Министерство за транспорт и врски. Ни стигна одговор дека е одобрена клучката во најбрз период ќе биде решена и тоа сообраќајно решение од Брвеница исклучок за автопатот. Ни стигна од Министерство дека е одобрен проектот ќе почне со реализација. Тоа е надлежност на Министерството ние чисто превентивно дадовме барање да знаеме до кај е работата“, изјави градоначалникот на Брвеница Јовица Илиевски.

Клучката за излез од село Брвеница е предвидена во Планот за јавни набавки и отпочната е процедурата за објавување на тендерот кое се очекува да се случи набргу, велат од јавното претријатие за државни патишта.

 Регионалниот патен правец Р2233 од Тетово кој минува низ Брвеница до Чегране па се до Гостивар е делница паралелна на автопатот. Во 2010 година смртно беше прегазено четиригодишно дете, а во 2012 година 40 годишник.  Чести се и излетувања од патот, па возилата завршуваат во дворовите на куќите на главната улица. 

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста