Парното поефтинува по притисок од граѓаните

Цената на парното се намалува. По заканите од голем број Скопјани  дека ќе се исклучат од мрежата доколку поскапи парно греењето, Регулаторната комисија за енергетика ја соопшти одлуката за намалената цена. Цената во просек се намалува за 4 % кај трите компании, кои бараа поскапување. Речиси 56 000 потрошувачи приклучени на Балкан Енерџи Груп или повеќе од 90 проценти од потрошувачите во Скопје ќе добиваат сметки пониски за 4,35%, иако БЕГ бараше поскапување од 1,82%. Околу 3 800-тини домаќинства приклучени на ЕСМ Енергетика ќе добиваат незначително пониски сметки за 0,57% иако државната компанија бараше поскапување од цели 65%. , додека 501 потрошувач на Скипје Север од 1-ви август ќе добиваат сметки пониски за 1,25%. Регулаторот тврди дека барањата за поскапување биле техничка грешка и затоа цените се корегираат надолу:

„Некаде на еден просечен стан од 55 до 60 квадрати, вкупниот трошок за една грејна сезона изнесува околу 19 900 денари, на ниво на цела година“, рече Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Компаниите не биле задоволни од ваквата одлука, но допрва ќе се види дали ќе има и жалби. Според Бислимовски, за такво нешто нема основа оти одлуката била донесена врз основа на реални пресметки.

Инаку кај „БЕГ“ судирот беше околу трошокот за мазут бараа да им се признае но Регулатрона одби бидејќи лани, компанијата не користела мазут. Кај операторот „Скопје Север“ забелешката беше дека мора да ја прошири мрежата и да најде дополнитени клиенти бидејќи во моментов се користи само 17 отсто од вкупниот капацитет. „ЕСМ енергетика“ која бараше и најголемо зголемува од 65 отсто, инсистираше да се признае потрошениот гас во ноќните часови додека Регулаторна не отстапи и признава само 15 часа во текот на денот. Од Регулаторна дополнитечно велат дека еден од параметрите поради кои е намалена струјата е тоа што на мрежата се преклучиле нови 2000 потрошувачи.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста