Палевски во неговите јавни настапи ширеше говор на омраза, лажни информаци, повикуваше на насилство
Првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со години шеташе на слобода и покрај низата кривични и прекршочни пријави, речиси ниту една не беше процесуирана..
Судско – обвинителскиот систем со години не го чепкаше веројатно и затоа што со неговите јавни настапи и жестоки критики кон ВМРО-ДПМНЕ одлеваше дел од десно ориентираните гласачи односно и нанесуваше штета на опозициската партија.
Палчо ја користеше својата моќ да влијае, да повикува на јавен линч на неговите неистомисленици. Прилика за изнесување на неговите ставови тој си најде во подкастот на порталот Инфомакс, „Тешки муабети“, како ко-водител во десетици емисии.
Вакво криминално гзнездо како што е направено мора да се разбие до крај. И такви политички партии мора да бидат дерегистрирани, рече Спасовски.
Зедничките емиисии секогаш биле најавувани со порака: Не пропуштајте ја денешната епизода на Тешки муабети. Овие емисии, кои сега веќе се избришани, одеа во живо не само на каналот на YouTube, туку и на социјалните мрежи Facebook и Tik Tok, а канал за политички дебати имаа и на Telegram. Голем дел од емисиите сега се избришани.
Самиот министер Оливер Спасовски, кога информираше дека Палевски е уапсен во Турција, побара да биде дерегистрирана и неговата партија „Десна“, во која членувале и биле активни и другите осомничени за двојното убиство.Освен тоа, Палевски и неговите соработници, подолго време биле активни во јавноста, и на својот канал на Јутјуб објавувале содржини полни со говор на омраза, ширење лажни информаци, повикување на насилство и слично.
На порталот каде често се промовираше Палевски ширеше говор на омраза кон политичарите кои имаат различно мислење.
Против Палчо се поднесувани низа пријави во изминативе 20-на години – од даночно затајување, фалсификување исправа, злоупотреба на службена положба, недозволено држење на оружје, неовластено прислушкување, омаловажување на полициски службеник. Влезен е во судски записник по пријавата на другарка на неговата ќерка дека физички ја малтретирал односно ја тепал со боксови, нанесувајќи и сериозни повреди и хематоми, ја плукал и психофизички ја малтретирал, но Судот утрврдил дека тоа е неосновано.
Во 2020 година бил уапсен е во Србија, а по осум месеци пуштен на слобода и се вратил во Македонија. Уапсен бил и по потерница на Хрватска, за некаков наводен долг на негова фирма во оваа земја. Фатен е и со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија- Јаворица, каде како што објавуваа медиумите, барал злато.