Јордан Плевнеш – добитник на наградата за животно дело „Св. Климент Охридски“

Јордан Плевнеш – добитник на наградата за животно дело „Св. Климент Охридски“

Само Свети Климент може да ве благослови, а Охрид да ве дарува со вечност-рече амбасадорот Јордан Плевнеш кој годинава ја понесе Свети Климентовата награда за животно дело. Сум добил многу награди,вели Плевнеш,но оваа највисока општинска награда за мене има посебно значење.

 “Имаше една голема церемонија во француската академија кога добив гран при за животно дело и тогаш беше возбудата многу голема,но кога прочитав и ми го испратија писмото од општината во името на градоначалникот и стручната комисија, во мене се роди едно чувство дека само Охрид може да ве дарува со вечност  –рече амбасадорот Јордан Плевнеш

Охриѓани со длабока почит го честуваат патронот на градот Свети Климент Охридски, Чудотворец чии дела го прават заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет. Интернационалната манифестација “Поетска ноќ во Велестово”која се одржува 35 години се обидува да го зачува македонскиот литературен збор,но за жал во ова време-невреме,повеќе се грижи јазикот за нас, отколку ние за него-посочи истакнатиот македонист Славе Ѓорго Димоски,добитник на Свети Климентовата повелба.

Како што знаеме дека имаме чудни политички ветришта кои некако,на некој начин го оспоруваат тој неоспорен факт дека македонскиот јазик постои.Ова не е една ветрометина за нашиот јазик.И денес ќе се избориме и ќе настојуваме ни една црна дамка да не падне врз тој свет јазик  -рече Славе Ѓорѓо Димоски

Градоначалникот на Охрид на своите сограѓани им посака мир ,благосостојба, разбирање и соединување.

 Посакувам вечно да живее Свети Климентовата писменост, Свети Климентовата црква и Свети Климентовата школа и нека биде вечен неговиот благослов за Охрид и македонскиот народ”-порача Кирил Пецаков

Инаку преданијата говорат дека чудотворецот самиот го ископал својот гроб на Плаошник од каде ја ширел писменоста. Дел од мошите на првиот Македонски Архиепископ Свети Климент Охридски и денес се таму, во сребрена кутија изработена од филигран,во дрвен саркофаг достапен за поклонување на верниците. Остатоци од черепот има во манастирот „Свети Јоан Продром“ кај Бер, денешна Верија, Грција,а  пред неколку години МПЦ ѝ подари честица од моштите на Свети Климент на пловдивската митрополија во Бугарија. 

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста