Омикрон се шири- македонците секојден плаќаат по 30 илјади евра за приватни тестови

Откако Омикрон зема замав Македонците секој ден плаќаат по 30 илјади евра од свој џеб за приватни тестови за Ковид бидејќи за државните се чека со денови. Граѓаните револтирани – велат цел живот плаќаме здравствено осигурување за џабе:

„Нема термини, воопшто- никаде да се направи ниту за дидмери, ниту за ЦРП, значи нема! …И мораме вака да си провериме. На свој џеб 1.350 денари е.“

„Приватно се тестирам, никогаш државно.“

„Ова е најголемата срамота. Пет фирми печалат, не знаат што да прават, срамота.“

„Нема еве. Каква држава?“

„Не треба да се тестираме ниту на државно, ама еве чисто превентивно“.

Државата нема план како да го реши ова. Наместо конкретна мерка министерот за здравство само упати апел приватните лаборатории да ги спуштеле цените.

„Ние чисто ги замолуваме нив, бараме од нив да превземат мерки. Колку што е можно повеже, да намалат цена која што е финална кон граѓаните“,

изјави Беким Сали, Министер за здравство.

Според последните официјални податоци на Министерството за здравство, во четвртокот биле направени над 5 илјади и 800 тестови, од нив во приватните лаборатории биле речиси 1.400. Еден тест на приватно во просек чини 1.500 денари, па оттука само во четвртокот граѓаните платиле речиси 34 илјади евра. Од почетокот на пандемијата приватните лаборатории направиле речиси 760 илјади ПЦР тестови кои чинеле над 18 милиони евра.

Во оваа сума не влегуваат брзите тестови кои во аптеките се продаваат по цени од 300 до 500 денари, а кои не се толку прецизни. Сепак, зашто се поевтини многумина се одлучуваат за оваа варијанта иако можат да добијат погрешен резултат и со тоа да се стават во ризик и себе си и другите.

Дополнителен проблем се и лабораториските анализи за болните од Ковид, за проверка на Дидимери на пример се чека и по една недела, па пациентите често се одлучуваат испитувањата да ги напарават на приватно.

Јане Трпковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста