Мицкоски: потребен е фронт, да се обединиме против корумпираните политичари и анти ДУИ- СДСМ фронт
Опозицијата повикува на обединување во широк фронт против корумпираните политичари. Првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски е дециден дека современа држва неможе да се гради додека СДСМ и ДУИ се на власт, затоа повикува на обединување на сите политички чинители против како што вели владата која ја водела ДУИ а ја администрирала СДСМ. Според него,ако политичарот си ја продаде честа, тогаш тој го предава и гласачот кој го дал гласот за него но и нацијата.
– За суштинските прашања кои што денеска се главен предизвик за Македонија и за граѓаните во Македонија без разлика на нивната етничка припадност главните би рекол промотори или главните експоненти на власта се претставниците на ДУИ. Кога станува збор за економијата, кога станува збор за енергетиката кои што се главен предизвик тука се Крешник или Фатмир. Кога станува збор за национални теми, кога станува збор за евроинтегративниот процес тука се Али, Артан и Бујар. Но, кога станува збор за притисок и мобинг врз ВМРО-ДПМНЕ, врз македонскиот народ тука се Оливер, Вилма, Љупчо и останатите. Од прилика таа е реалноста во која што ние живееме. Ние треба да креираме фронт и да се обединиме против корумпираните политичари и анти ДУИ – СДСМ фронт, ако сакаме да имаме современа држава, држава која што ќе ги следи современите текови на дигитализација, на вештачка интелигенција и вистинска зелена агенда, порача Мицкоски.
Мицкоски веќе излезе и со идеја за намалување на бројот на пратеници во македонскиот парламент од 120 на 90. По примерот на Словенија, вели дека драстично ќе се намли трошењето на пари од државната каса оти како што вели Македонија не може да си го дозволи тој луксуз и да плаќа 120 народни избраници.
Опозицискиот лидер претходно веќе порача дека се подготвени да се откажат и од пржинската влада на 100 дена пред избори, но и да предложат менување на изборниот законик и Македонија да стане една изборна единица.
Помалите партии кои се дел од власта веќе дадоа поддршка на идејата на Мицковски за намалување на бројот на пратеници во Парламентот. Демократскиот сојуз на Павле Трајанов и ЛДП на Горан Милевски се согласни и за неговата понуда за една изборна единица.
Ивана Соколовиќ Најдова