Охридската болница пред колапс – Нема одделение каде не фали по некој лекар

Тонат болниците во земјава поради катастрофалната поставеност на здравствениот систем во државава последниве 3 децении.Сликата е секаде иста, здравствените установи кубурат со кадар. Во охридската општа болница која опслужува пациетни од западниот регион,недостасуваат дури 50-тина специјалисти, а 30-тина се пред пензија.

Нема одделение каде што не фали по некој лекар, или пак сега треба да направиме проценка колку лекари ќе одат во пензија,лекар специјалист не расте на дрво вели д-р Горан Балев-дир на општа болница Охрид.

Згора на се’ во болниците се примаат медициски сестри со потполно несоодветно образование, бидејќи законот го дозволува тоа. Лекарите бараат итна измена на овој небулезен закон,оти недозвливо е средно медицинскиот персолан да го солинуваат лица кои не разликуваат катетар од инфузија.

Има промени на законот каде што вие со средно било кое економско, туристичко завршувате и за 5-6 месеци доаѓате како медицинска сестра, што апсолутно не знам дали има таква земја во светот, да можете вие до средно текстилно да си дојдеш 6месеци 7, преполагај и дојди како медицинска сестра вели д-р Горан Балев-дир на општа болница Охрид.

Проблемот велат искусните лекари,може да се премости-но за тоа нема слух. Има градови во внатрешноста на земјава каде дежураат медициски сестри, оти доктори нема,велат добро упатените.

Здравствениот модел кој што нашата држава го има и начинот на кој тој фунционира ми се чини дека воошто не може да го издржи дури ни една држава од типот на Швајцарија или Холандија, затоа што никаде во светот нема ваков начин на поставување на здравството вели д-р Мирко Лекоски-спец.хирург.

Нема пример во светот каде на оддалеченост од 15 км има 5 болници и сите кубурат со кадар,вели доктор Лекоски. Единсвени решение е специјалната болница Свери Еразмо да прерасне во еден клинички центар кој  брзо и навремено ќе ги опслужува пациентите кои сега се рашетуваат од една до друга болница,губејќи драгоцено време.Лекарите сугерираат и да се скратат долгите непотребни процедури кои траат со години и го кочат запослувањето на лекари. Времето за лекарите работи против лекарите,нас не ни требаат истрошени  доктори кои ќе се вратат од специјализација на 50 години-децидни се здравствените работници.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста