Нов договор – примирјето продолжува во Газа

Нов договор – примирјето продолжува во Газа

Израел и Хамас се согласија да го продолжат примирјето за најмалку уште еден ден, неколку минути пред крајот на шестдневното примирје.

Во соопштението на израелската војска се вели дека примирјето ќе биде продолжено поради напорите на посредниците да го продолжат процесот на ослободување на заложниците држени во Газа во замена за палестинските затвореници.

Хамас, кој вчера ослободи 16 заложници во замена за ослободување на 30 Палестинци од израелските затвори, во соопштението наведе дека примирјето ќе продолжи седми ден.

Милитантната група досега ослободи 73 Израелци, вклучително и оние кои имаат двојно државјанство. Ослободени се уште 24 заложници, 23 Тајланѓани и еден Филипинец. Пред прекинот на огнот Хамас ослободи четири жени, а израелската армија една. Двајца се пронајдени мртви во Газа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста