Жртви и повредени во терористички напад во Ерусалим

Жртви и повредени во терористички напад во Ерусалим

Две лица, жена (24) и маж (70) се убиени утрово во вооружен напад на влезот во Ерусалим, соопшти израелската служба за итни случаи. Жената била убиена на лице место, а мажот починал во болница.

Генералниот директор на службата за брза помош, Ели Бин, за медиумите изјави дека уште пет лица се тешко ранети во нападот, за кој се вели дека е терористички напад.

„Нападот се случи во 7:38 часот во близина на автобуската станица. Се пукало кон луѓето кои чекале превоз на местото каде главниот автопат влегува во Ерусалим од Тел Авив. Двајцата осомничени за нападот се неутрализирани на лице место“, се вели во соопштението на полицијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста