Негрижата за археолошките локалитети се пресликува и кај обичаите и традицијата како нематеријалното културно богатство

Негрижата за археолошките локалитети се пресликува и кај обичаите и традицијата како нематеријалното културно богатство

Македонија е од ретките земји на Балканот и во светот која изобилува со културно наследство, но истовремено го уништува или воопшто не се грижи за него. Негрижата на државата се гледа во руинираните археолошките локалитети , исчезнувањето на артефакти, како и се помалку државни пари за нивно одржување.

Но не само со матрејално. Нашата држава изобилува и со нематрејално богатство кое во моментот доживува мораториум од сегашната власт.

Македонија е пребогата со обичаи. Само јас имам поднесено десетина елаборати. Има многу да се работи, но сметам дека во изминатите неколку години имавме пауза, мораториум. Се надевам дека со промената на владеачката структура ќе има поголемо внимание на нематрејаклното богатство„ изјави про.Зоранчо Малинов.

Сепак според експертите токму  приказните за нематрејалното богатство  е она што ги привлекува странските туристи. Исто така и старите занаети кои наместо да изумираат треба да бидат потенцијални места за вработување, смета деканката на Факултетот за туризам, при штипскиот УГД.

„Статистиките покажуваат дека токму туристите коишто се со висок принос се оние коишто се привлечени од места каде што има културна традиција, историски споменици. Таквите туристи трошат дури 23%подолго време на дистинациите од традиционалните туристи„ изјави Татјана Бошков, декан на Факултет за туризам и бизнис логистика-УГД,Штип .

Потребни се квалитетни проекти коишто ќе ја покажат и прикажат Македонија, нашата култура и традиција на светско ниво, во рамки на оние тенденции коишто ги има Европа и светот во моментот„ изјави проф.Љубен Тевдовски, претседател на Институтот за културно наследство.

На листата на нематрејално богатство на УНЕСКО се најде познатата штипска традиција Четрсе, орото Копачка од Драмче, а сега се прават напори на оваа листа свое место да добие и познатиот штипски специјалитет-пастрамаилијата. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста