Раскол во СДСМ, ги нема пратеничките листи: Конгресен дебакл, објавени само 12-те избрани на нервозниот Ковачевски, членството незадоволно од партискиот лидер

Раскол во СДСМ, ги нема пратеничките листи: Конгресен дебакл, објавени само 12-те избрани на нервозниот Ковачевски, членството незадоволно од партискиот лидер

Раскол во СДСМ, кавги, препукувања, борба за повисоко место на пратеничките листи, со цел каква таква шанса за влез во Собранието и спас од можен кривичен прогон по заминувањето во опозиција. Речиси сите се незадоволни од одлуките на лидерот, задоволство има само кај негови најблиски, носителите и коносителите на листите, 12-те избрани на Димитар Ковачевски, кои ќе имаат сигурно место во законодавниот дом.

Ова е епилогот од нервозниот конгресен ден во СДСМ по кој партијата се уште не соопштува со кои 120 кандидати за пратеници ќе излезат на изборите на осми мај, иако Конгресот беше свикан токму за таа цел.

Според наши партиски извори, во СДСМ биле свесни дека ги очекува тежок пораз на изборите, па поради тоа многумина не биле задоволни со своите позиции на пратеничките листи, го обвинувале лидерот дека на добитни позиции става само актуелни функионери, со цел да имаат пратенички имунитет во идинина за спас од евентуална кривична одговорност.

Па поради ова незадоволство на членството, најмногу од од партискиот лидер, Ковачевски соопшти само 12 од 120 имиња за кандидати за пратеници. Токму само кај дел од нив можеа да се забележат ретките насмевки, меѓу многу студени  лица на социјалдемократите.

Другите 108 не ги кажа ниту Ковачевски, ниту пак партијата ги открива преку соопштение. Нервозата беше забележлива кај многумина и на конгресот. Малкумината насмеани, добија прегратка од партискиот лидер, други пак само ракување.

Нервоза на моменти можеше да се забележи и кај самиот Ковачевски, која на еден начин ескалираше на крајот на неговиот говор, кога почна силно со тупаница да тропа и да ја тресе говорницата, повикувајќи го членството дека морале да останат силни.

-Стево Пендаровски е победничкиот кандидат на претседателските избори. Да сте ми живи и здрави, да живее СДСМ и на крајот нема откажување од иднината, нервозно со повисок тон кажа Ковачевски.

Неофицијално еден од најнезадовлните е партискиот портпарол и еден од најактивните пратеници, Дарко Каевски. Тој бил лут што Ковачевски го ставил на седмото место во првата изборна единица, па побарал воопшто да не биде на листата. Причината- не верувал дека неговата партија ќе успее да добие седум пратеници во оваа изборна единица.

Според неофицијални информации меѓу незадоволните бил и директорот на Царина, Стефан Богоев. Тој испрати по-малку и чудна порака на социјалните мрежи, дека без ралика каква е состојбата секогаш ќе бил СДСМ.

-Јас сум тука и во добро и во лошо. И ќе останам! Одиме на двојна победа! Да живее СДСМ, да живее Македонија!, напиша Богоев.

Освен веќе познатите Ковачевски и Зајкова во првата изборна единица, Спасовски и Битиќи во двојка, Лукаревска и Николовски во тројка, Филипле и Тренчевска во четворка, Митревски и Костадиновска Стојчевска во петка, Славјанка Петровска и Агрон Демири во шестка, другите имиња официјално ги нема. Некој од нив, иако, ниту партијата, нути лидерот ги кажуваат, самите се фалат на социјлните мрежи. Таков пример е Ева Нешковска.

-Голема благодарност до раководството на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија за укажаната доверба да го добијам третото место во мојата ИЕ6!, напиша Нешковска.

Покрај членовите на највисокото раковство незадоволство од Ковачевски изразуваат и локалните функционери. Претседателот на Општинската организација на СДСМ Ѓорче Петров, Кристијан Јовановски, на Фејсбук напиша „Правдата е бавна, но на крајот секогаш доаѓа… Ќе ја почекаме“. Реагираше и активистка на СДСМ од Велес, незадоволна што пратеникот Ненад Коциќ не е на листите, порачувајќи дека Ковачевски намерно ја давал власта на како што пишува вмровците. Во својата објава на Фејбук, Маријана Талевска Делевска порачува дека веќе нама да се бори за својата партија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста