Словачкиот премиер Фицо веќе не е во животна опасност по вчерашниот атентат

Словачкиот премиер Фицо веќе не е во животна опасност по вчерашниот атентат


Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност откако вчера беше застрелан неколкупати во обид за атентат, изјави вицепремиерот Томаш Тараба. „ Операцијата помина добро и се очекува на крајот Фицо да преживее“, изјави Тараба.

Фицо го оперираа неколку часа по пукањето во малиот град Хандлова и дека тој се бори за живот. Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток го опиша нападот како политички мотивиран и ги обвини медиумите и социјалните мрежи за ширење говор на омраза, што довело до атентатот.
„Премиерот беше застрелан одблиску. Еден куршум му поминал низ стомакот, а вториот погодил зглоб“, кажа Тараба.
Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на владата. Според словачките медиуми, Цинтула легално го поседува пиштолот со кој пукал во Фицо. Цинтула живее во градот Левице, а е еден од основачите на литературниот клуб „Дух“, во кој е активен од 2005 година. Фицо се врати на власт по изборите во септември. Ова е неговиот четврти премиерски мандат досега.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )