Љупчо Палевски – Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шутка

Љупчо Палевски – Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шутка

Одделна ќелија до која се доаѓа преку посебен ходник, посебна храна, немање контакт со други притвореници. Ова се само дел од мерките кои управата на Казнено поправната установа затвор Скопје ги презеде откако вчера од Турција во Македонија беше екстрадиран осомничениот убиец Љупчо Палевски – Палчо. Целта е да се обезбеди максимална безбедност за време на неговиот 30-дневен притвор во овој затвор, велат од управата за затворот.

Зголемено е и затворско обезбедување кое го надгледува секое негово движење а видео надзорот се спроведува со неколку камери. Палевски пристигна на аеродромот во скопје со редовниот лет од истанбул, под посебни протоколи и во тајност, одвоен од другите патници, со посебно организирано обезбедување од турската полиција. Веднаш по слетувањето со полициска придружба тој директно беше пренесен во Шутка, каде му стапи на сила мерката 30-дневен притвор.

Како што е познато, кривичниот суд му ја определи оваа мерка како прво-обвинет за свирепото убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, монструозен чин кој ја шокираше македонската, но и балканската јавност. Палевски е обвинет за две тешки кривични дела: „киднапирање„ и „брутално убиство„. Откако беше идентификуван како главен организатор на киднапирањето и извршител на убиството, Палевски избега од Македонија во Србија, па оттаму преку Бугарија, во Турција, каде и беше уапсен во декмври минатата година. За истите дела како негови соучесници во притвор веќе се наоѓаат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, додека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, минатиот месец со одлука на врховниот суд, од затворот во Шутка беше пренесен во домашен притвор.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )