ДУИ како да исчезна: Али Ахмети во страв да не остане со само 10 пратеници?!

ДУИ како да исчезна: Али Ахмети во страв да не остане со само 10 пратеници?!

ДУИ како да исчезна по изборите. Алфа неофицијални дознава дека интегративците се зафатени со внатрепартиски проблеми и обид да ги задржат сите 19 пратеници кои ги доби коалицијата „Европски форнт“. Според познавачите ваквата ситуација е очекувана, бидејќи се појасно е дека ДУИ заминува во опозиција, што целосно може да ја промени состојбата како во коалицијата, така и внатре во партијата.

-Реално во ДУИ можно е во овие денови откако ќе преминат во опозиција да има внатрепартиски превирања, бидејќи не можат да се помират и не очекуваат да бидат опозоција и покрај тоа што според нив победија во албанскиот блок. Албанската опозиција е гладна за власт, ДУИ се испијанија од власт и мислам дека ќе им биде добро ако останат во опозиција и да се реформираат, ќе биде добро за нив и за државата, изјави Џенур Исени.

Новинарот Џенур Исени смета дека кај Али Ахмети постои и страв дека неговата коалиција ќе биде ослабена во наредниот период односно дека дел од пратениците од другите партии ќе преминат на страна на власта. Од 19-те пратеници кои засега ги има Европскиот фронт, дури не се од ДУИ.

-Можно е после изборите кога ќе преминат во опозиција кога ќе преминат во опозиција и се шпекулира во партиските кулоари дека некои коалициони партнери од помалите заедници можат да побегнат, односно да се трансферираат кај партијата на Мицкоски. Сеедно ќе му биде на Мицкоски дали ќе им се придружат некои пратеници од ДУИ или не, но тоа е проблем за ДУИ, не е за Мицкоски, изјави Исени. 

Последниве денови реториката на ДУИ и европскиот фронт е жалење поради одлуката на ДИК да се прегласува на седум избирачки места, за што на Фејсбук пишува и Бујар Османи, во објава дека имал средба со амбасадори.  

-Се сретнав со амбасадорите на САД, Германија, Обединетото Кралство и Холандија. Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес со самоволните одлуки на Државната изборна комисија (ДИК) со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување, напиша Османи.

Алфа запраша неколкумина од пратениците од коалиционите партнери, дали планираат во Собранието да продолжат заедно со ДУИ или можеби како независни. Одговори добивме од Бејџан Илјаз и Сали Мурати, кои велат дека остануваат дел од Европскиот фронт и не размислуваат за независен настап во Собранието.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )