Во Македонија има повеќе бранители на „Северна„ отколку што има во Грција
Во Македонија никнаа повеќе бранители на терминот „Северна“, а се очекуваше многу повеќе да „скокнат“ во Грција. По инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, таканаречени политички аналитичари и коментатори, блиски до власта, па и провладини новинари, отидоа дотаму што дури и повикуваат на казни за оние кои се против „Северна“. Оркестрирано „удрија“ со жестока дезинформативна кампања, ширење лажни вести, па дури и повици до САД и Брисел да ја санкционираат претседателката, бидејќи не ја изговорила кованицата.
Новинарот кој не ја крие својата близина кон СДСМ, Зоран Иванов, јавно ги повика Вашингтон и Брисел со насилие да и се спротистават на претседателката Давкова.
- „…како почна, како инагуративно се промовираше, ако вака предзборно продолжи, ако Калето и Брисел бргу не и’ мавнат по две три заушки во стилот професорке доста беше фолирање…“ – Објави новинарот Зоран Иванов.
- Освен како прва жена претседателка на Северна Макеоднија, Гордана Силјановска Давкова ќе биде запаметена и како прва на оваа функција којашто уште првиот ден постапи спротивно на Уставот на државата. Професорка по уставно право. – Напиша новинарот Зоран Бојаровски.
Реториката на провладините новинари ја продолжија и ред ботови и скриени профили на социјалните мрежи, со повици за санкции.
- „Секој што работи пртив Преспанскиот договор оди на црна листа на САД. Амбасадорке @USAmbNMacedonia сега е време да докажете дали се тоа празни зборови или Силљановска ќе лета на црна листа.“ – Пишува скриен профил на Твитер.
Новинарот Бранко Геровски вели дека домашните медиумите и аналитичарите блиски до СДСМ, мора да се помират со фактот дека во Македонија дојде до промена на водењето на надворешната политика, а ако тоа не можат да го прифатат, помалку саркастично вели им останува уште на митинзи за поддршка на „Северна“ да излезат.
- „Сега можеби треба да очекуваме еден сенароден митинг, во кој поддржувачите на екстензивнита употреба на придавката „Северна“. Можеби ќе има транспаренти „Само северна“. Тие мора да го прифатат ноторниот факт или да го докажат спротивното, дека претседателката Гордана Силјановска-Давкова не го прекрши преспанскиот договор.“ – Изјави новинарот Бранко Геровски.
Тој додава дека вакви повици за санкции и барања користење на кованици „Северна“, нема да престане додека поддржувачите на СДСМ не ја прифатат новата реалност.
Пропагандата отиде дотаму, што некои и со лажни вести се обидоа да ја манипулираат јавноста.
- „Се враќаме денеска од плажа (на втор крак) и колата ја најдовме ваква… Кој и зошто ги напиздил Грците, до вчера беа многу љубезни?“ – Се споделуваше на Твитер.
Со само кратко интернет пребарување, помже лесно да се докаже дека оваа слика, објавена од скриен профил на Твитер, е невистинита, односно дека доаѓа од веб страна за сервисирање на автомобили.
Никола Цветкоски