Мицкоски до Ковачевски и Пендаровски : Ќе го бојкотирате ли вториот круг ако разликата е со 6 бројки ?

Мицкоски до Ковачевски и Пендаровски : Ќе го бојкотирате ли вториот круг ако разликата е со 6 бројки ?

Пред илјадниците граѓани на Илинденска свое обраќање имаше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски . Меѓудругото тој упати и прашање до Ковачевски и Пендаровски дали би го прифатиле поразот по првиот круг ако разликата биде очигледна или ќе го бојкотираат вториот круг.

– Толку силно што во вториот круг нема да му се оди на избори. Во неговото опкружување најмногу се плашеле од тоа како ќе го смират после првиот круг и како ќе го натераат да ја приврши кампањата до крај. Па од тука сакам јавно да ги прашам Ковачевски и Пендаровски, дали ако разликата меѓу Пендаровски и професорката Силјановска биде во 6 цифри, Ковачевски, Ахмети и Пендаровски ќе го бојкотираат вториот круг по поразот од првиот – рече Мицкоски.

Тој додаде дека Пендаровски го поминал мандатот како аналитичар без свое јас, а не претседател и личност со интегритет, па му порача дека на овие избори ќе загуби катастрофално.

 -Главната порака беше дека Стево не крадел. Замислете каков напредок е тоа и каков врвен успех е тоа што сам си се прогласи дека не крадел. Па, се подразбира дека не треба да се прави и не знам дали човеков очекува Нобелова награда за тоа, но самото потенцирање на тој факт во услови кога корупцијата галопира, само значи дека Стево индиректно ни порача дека Владата краде, ама не и тој. И во таквиот занес во салата и продавање на магла сите аплаудираат на овој огромен успех, само Миле Зечевиќ не. Си знае тој, сфати колку е часот и што е пораката – рече Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста