Матно време во Aлијанса: раководители на болници од СДСМ и ДУИ отвараат боледувања, се плашат Меџити да не ги разреше додека се’уште е минстер

Матно време во Aлијанса: раководители на болници од СДСМ и ДУИ отвараат боледувања, се плашат Меџити да не ги разреше додека се’уште е минстер

Матно време за болничките директори. Во страв дека може да бидат сменети, дел од раководителите на клиниките поддржани од ДУИ и СДСМ отвориле боледувања, во надеж дека ќе останат на функцијата додека не се расчисти метежот во Алијанса.

Министерот за здравство на кого и самиот му се заканува разрешување пак уверува – директорите нека спијат мирно, ќе останат на своите места, барем додека тој го води ресорот.

„Јас ви ветувам дека додека јас сум министер никој не смее да ги допре и ги почитувам“. Повеќето од организациските директори од Клинички Центар земале боледување а не се болни. Тоа не е легитимно, нека спијат на раат јас не сакам да ги разрешам, ова е шпекулација на Артан Груби“, додава Меџити.

Сепак, стравот до некаде можеби е и оправдан зашто Фатмир Меџити минатата недела под сомнителни околности ја разреши директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ.

Директорските фотелји се само гребење по површината за она што навистина се случува во Алијанса – ДУИ прави се за да ја разбие партијата во обид да ја зачува власта.

Главната битка се води меѓу сегашниот и поранешниот претседател на партијата, односно Таравари кој сака да оди во коалиција со Европскиот сојуз за промена, и Села кој е за самостоен настап на изборите, најверојатно за понатамошна соработка со ДУИ.

Додека ДУИ ровари по Алијанса, дел од раковдството и членството пробуваат да ја спасат партијата. Па така се одржува средба во Куманово организирана од Таравари која може да биде претставена и како централно собрание на партијата.

Инаку додека Таравари органзира средба денеска, истото го прави и Зијадин Села, но за в сабота во Скопје. На тоа, како што го претставуваат централно собрание на дневен ред ќе имало две точки, како работел Таравари и дали треба да се смени, и најавата за соработка со Европскиот Сојуз за промени.

Сепак можно е настанот на Села и да не се реализира, бидејќи според кажувањата на приврзаниците на Таравари, Села нема да обезбеди кворум за одржување на истиот.

Расколот во Алијанса се надзираше уште кога Таравари најави дека сака да ја напушти владата на Ковачевски и Ахмети, но сепак тоа не го направи, се чини под притисок на Села и неговото влијание во партијата. Кулминацијата ја достигна откако Таравари најави соработка со ЕСП и оттогаш почнаа онлајн преписки, тепачки по кафани, оставање на куршуми по дворови како и разрешувања на директори од Алијанса кои се од страната на Таравари.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста