Филипче најави критичен број на заболени и починати, но не презеде ништо, ќе одговара ли некој?

Март е најцрниот месец од стартот на корона пандемијата во Македонија. 654 луѓе ја изгубиле битката со ковид 19  во изминатиот месец. Загрижувачко е што само во последните десет дена се евидентирани  269 смртни случаи и 10.200 заразени од корона, но овие црни ковид бројки очигледно не ги загрижуваат здравствените власти. Министерот Филипче знаејќи дека оваа недела ќе биде најкритична и дека коронавирусот сега го задава најголемиот удар врз болниците, сепак остана без коментар кој ќе понесе одговорност за изгубените животи. Само се правдаше дека истата ситуација била во целиот свет. Според него, кризата добро се менаџира.

“Целта на рестриктивните мерки беше да се ограничи движењето на помладата популација која по затворањето на угостителските објекти се собираше низ парковите без притоа да ги почитуваат мерките. Со оваа умерена рестриктивна мерка се ублажи растот на заболени  и затоа немаше нагол прилив кон болниците ние успевме да го изменаџираме добро за разлика од пикот кој беше во ноември”-рече Венко Филипче-министер за здравство.

И додека Македонија руши црни корона рекорди, многупати докторите бараа поагресивни мерки.Но очигледно никој не ги послуша.Професорот Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот на социјалните мрежи пишува дека потребен е карантин.

  • Повеќе од очигледна е стратегијата на нашите здравствени власти да не го сопираат заразувањето, туку преку негово форсирање да ја зголемуваат прележаноста (прокуженоста) и така бројките спонтано да се намалат. Знаат дека никој ништо не им може, па можат да си го дозволат луксузот на неодговорно и непромислено однесување. Процениле дека е подобро голем пик со кратко траење, отколку понизок, а развлечен пик – обратно од она во што не убедуваа на почетокот на епидемијата и што е поправилно – пишува професорот Трајковски.

Во меѓувреме, болничките капацитети се преполнети. Вкупниот број на пациенти што поради компликации од вирусот лежат во болница е 1.649- најголем досега од почетокот на панедмијата.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста