Маричиќ дојде со службен автомобил и се потпиша за Пендаровски – Ќе реагира ли антикорупциска?

Маричиќ дојде со службен автомобил и се потпиша за Пендаровски – Ќе реагира ли антикорупциска?

Злоупотребата на службени возила за партиски цели стана вообичаена пракса. И вицепремиерот Бојан Маричиќ по теркот на колегите од владината гарнитура. Службената „Шкода суперб“  Маричиќ го донесе до канцелријата на ДИК во Карпош, за да се потпише за претседателската кандидатура на Стево Пендаровски.

Откако му даде поддшка на Пендаровски, Маричиќ застана и пред медиумите за да даде политичка изјава, а потоа со службеното возило си замина.

Од неговиот кабиент признаваат дека вицепремиерот со владина кола вршел партиска активност, но така било поради неговата набиена агенда.

Ве информираме дека вицепремиерот Маричиќ вчера го користеше службеното возило поради серија службени состаноци, а измеѓу нив беше и до канцеларијата на ДИК во Карпош, одговорија од кабинеотот на Маричиќ.

Во меѓувреме, новоизбраната шефица на Антикорупциска, Татјана Димитровска  цел ден е зафатена и нема време за одговори. Во телефонски разговор за Алфа рече дека е на состаноци, па одговор ќе дала подоцна. Ниту буква од одговор на прашањето, што ќе преземете во врска со злоупотреабата на службеното возило со кое вицепремиерот се појави на партиска активност.

Не е првпат функционерите да си ги употребуваат службените возила за партиски цели.

Минатата година владејачкиот СДСМ, во дворот на партиското седиште ја најавувше кампањата „Рамо до рамо“, а повеќето министри и кадри на партијата, од владините канцеларии до партиското седиште дојдоа со службени коли.

Мжу нив беа, министерката за труд и социјала Јована Тренчевска, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а по него последен пристигна и поранешниот премиер Ковачевски.

Службени коли си користи и министерот за политички системи Артан Груби. Пред две години, тој во Мала Речица на состанокот на ДУИ дојде со владино возило, а за тоа доби само опомена.

Неодамна и службеното возило на премиерот Талат Џафери беше паркирано на плоштад додека тој пиеше кафе.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста