Македонката Барбара Поповиќ која растури со импресивна изведба на „Зајди, зајди“ во недела ексклузивно на Алфа на „ИДJ Шоу“

Македонката Барбара Поповиќ која растури со импресивна изведба на „Зајди, зајди“ во недела ексклузивно на Алфа на „ИДJ Шоу“

Младата и талентирана пејачка Барбара ги одушеви публиката и жирито на талент музичкото шоу „ИДЈ шоу“ (IDJ Show), пеејќи ја „Зајди, зајди јасно сонце“ и повторно ја освои широката јавност.

Барбара со својот моќен и импресивен вокал, ги одушеви сите присутни на шоуто, кое ексклузивно секоја недела се емитува на Алфа и буквално ги расплака Дарко Димитров и Наташа Беквалац кои се членови на жирито

По маестралната изведба на легендарната песна, многумина сметаат дека токму Барбара треба да биде победникот во ова регионално талент музичко шоу.

„Еднаш кажав дека си гордост на Македонија, но денес јас сум горд што сум Македонец. Оваа песна е македонска химна и мене и на сите Македонци ни е една од најубавите. Ова е песна на Александар Сариевски и мислам дека и тој ќе биде горд што Барбара вака ја претставува Македонија“, кажа Дарко Димитров.

На неговите коментари, Барбара се расплака, па ѝ донесоа хартиени шамивчиња на сцената за да се избрише.

Моќниот и емотивен настап на Барбара предизвика воодушевување и многу емоции и кај Наташа Беквалац:

„Беше сензационална вечерва, звучеше спектакуларно. Со оваа песна го покажа целиот свој талент“, ѝ кажа Наташа Беквалац со насолзени очи.

„Моја среќа што не плачам на оваа песна, инаку ќе заплачев и јас“, рече Реља кој е исто така член на жирито,

Барбара на социјалните мрежи го објави видеото од својот настап под кое објави.

„Моја Македонијо“.

Освен со пеењето, македонската пејачка привлече внимание и со стилот. Таа овој пат носеше златен фустан со светли и исти такви ракавици, и црна наметка, а косата ѝ беше залижана наназад.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста