Фаворит на подземната држава

Фаворит на подземната држава

Црна Рука –Бела Рука II дел

„Подземна држава“ најчесто се спомнува кога во јавноста постои потреба
вината за одредени случувања да се префрли врз неодредена група на
политичари или бизнис олигарси кои во наводен заговор ја изменуват
суверената волја на народот.
Овој феномен особено доаѓа до израз во услови на слабото важење на
меѓународното право и актуелните процеси наречени пост суверенизам и
пост демократија. Односно можноста интернационални компании
сериозно да нарушат кревки национални суверенитети. Не само да влијаат
врз одлуките на државниот врв туку сведоци сме дека меѓународна воена
компанија може да девастира уставен и воен систем на голема земја.

Сепак, поимот „Подземна држава“ хронолошки се појавува со појавата на
републиканските клубови на Наполеон. Со нив тој има намера да ги сруши
европските монархии. За негово изненадување клубовите се превземени
од страна на неговите непријатели аристократите. По успешно завршените
револуции редица од кралски куќи абдицират. Но, наместо народот да ја
преземе контролата, преку Подземната држава власта останува под
најмоќните европски круни. На крај откако самиот ќе се прогласи за
император Наполеон за сите проблеми ќе ја обвини токму подземната
држава.
Во Османлиското царство подземната држава се појавува под влијание на
идеите на Наполеон. Постои возбудлива историска приказна за тоа како
Јаничарите во Истанбул го ликвидирале султанот за да постават свој султан.
Додека траат судирите Алемдер Паша, кој покажувал интерес за идеите на
Наполеон, го напаѓа Истанбул со 15 000 војници и ја задушува буната на
јаничарите. Забележително, неговото презиме асоцира на ликот Полат од
популарната турска серија ,,Долина на волците’’. Од пепелта на каминот
каде што бил сокриен излегува малиот брат на убиениот султан и тој
застанува на чело на империјата. Тоа е истиот кој во 1826 година ќе ги
уништи јаничарските корпуси и ќе започне сериозни реформи. Прекрасните
Бектешки текиња кои ги имаме во западна Македонија и Албанија се
спомен за верските лидери на овој познат ред.
Така подземната држава во Османлиското царство станува автентичен
модернизатор. Спомнатите организации немаат единствена верска
припадност. Постои можност верските воени редови како јоанити, тевтонци
и темплари да имат пандан во турските воени редови Јаничари, Мевлеви и
Накшбанди.

Македонија крвари во судирот на „Подземната“ и „Посебната држава“


Посебната држава во Османлиското царство и со тоа тевтонската политка на
Балканот се враќа преку германскиот пат кон истокот „Drang Nach Osten“.
Односно со пристигнувањето во Истанбул на германскиот генерал Молтке
(стариот) со задача да проектира железници. По таа железница заради
европски вредности кон Виена и Берлин ќе тргнат не само нашите
револуционери туку и самите султани, а во спротивен правец по таа пруга ќе
пристигнат сите абери за распадот на империјата и гаранциите за новите
кнежевства. Од вагоните на таа железница ќе се симнат новите европски
кнезови и новите главоболки.
Премиерот Стамболов политиката на новото Бугарско кнежевство ја свртува
кон Германија. Во Македонија се појавува брошурата на Петар Поп Арсов
Стамболовштината во Македонија тајно печатен од Иван Хаџи Николов.
Многу скоро Стамболов ќе биде ликвидиран со крваво убиство и бодење на
дланките среде Софија. Непосредно по тој чин меѓу обвинетите ќе се најде
момче од Охрид кое учи музика во Софија. Тој во затворот ќе ја испее
песната „Послушајте патриоти“.
За време на Балканските војни шефот на турската подземна држава Нури
во Солун го посетува познатиот евреин Емануил Карасу инаку соработник на
Јане Сандански. Дали овие настани ја оцртуват езотеричката слика на
внатрешните борби меѓу револуционерите, потоа ликвидациите во
минатиот систем (судбината на Ченто) и нашите страдања во современата
транзиција – секогаш е предизвик за истражување.

Фолклорот како извор

Навистина е сложено да се продре во историјата на овие друштва и да се
фрли светлина врз нив. Затоа останува читање на симболите кои тие ги
оставале. На пример „Ordo Hospitalis“ редот на Јоанитите се поврзува со
римски војници кои имале средба во пустината со Пророкот Јован. Средбата
опишана во евангелието ги дава основните правила за нивната војничката
служба.
Веројатно станува збор за римска легија која била дел од најважните
случувања за христијанството во Јудеја. Артефакт сведочи дека изградиле
мост покрај реката Струма во Македонија. Доколку дејствувале на нашата
територија нужно оставиле белег врз културата и особено врз фолклорот.
Изненадување со заклучоци на овој план прави европски поддржано
истражување на бугарска авторка Генчева. Интересно е што таа открива
дека во сите имиња на бугарските владетели се содржи името Иван
(Српските пак името Стефан). Се наметнува прашањето дали истражувањето
на нашиот богат македонски фолклор во таа насока нема да ни даде повеќе
информации. Дали на пример препознатливите фигури на ткаените килими,
домашни постелнини, знамиња ( мијачко свадбено ) со симболи на
крстовидни четири или осум перца всушност не означуват архаична
припадност на одредени кланови кон тевтонците или јоанити.
Според изворите, спомнатите „Црна Рука“ и „Бела Рука“ во Белград кои оставиле
свој печат врз нас се создавани од Охраната на Руската круна. Пребеганите
генерали на руската царска војска во стара Југославија подоцна ќе донесат
реликвии на Свети Јован. Поради револуцијата во 1917 година она што
тогаш било Царска Русија во смисла на војска и вештини се претопило на
запад. Па така, се смета дека денешното наследство на овие друштва
заеднички се во основата на западните одбрамбени и политички
институции нивната актуелна идеја и геополитика.

Фаворити на „Подземната држава“


Три децении после осамостојувањето имаме впечаток дека владеат оние кои
имаа главна улога на претходниот систем. Првите часови по демократија и
првите состаноци во демократските партии ги одржуваа претходно
докажани марксисти кои продолжија да управуват со политиката,
стопанството, културата. Презимиња од пропагандата на претходниот
систем одеднаш станаа препознатливи за дарежливи меѓународни
фондации и амбасади.
Идејата за слобода на граѓанската класа е заборавена. На маргините е
оставена дури и црвената буржоазија. Па дилемата е како се станува
фаворит на „Подземната држава“ во Македонија?
Вебер како сонувач за Европската идеја вели дека аристократскиот принцип
мора ,,да се претопи во политичко технократски’’. Нашата политичко
технократска елита во своите манири е далеку од западните аристократи.
Особено нема да помине под идејата за ,,еволуција на избраните’’. Имајќи
го во предвид последново, многу современи аналитичари доаѓат до
заклучок дека можеби идејата на Троцки ,,револуција заради револуција’’ и
таканаречениот прогрес или разни изведувачи на непопуларни промени е
основниот критериум во изборот на „Подземната држава“.

Најважната улога во Македонија сепак ја имат лојалните граѓани кои се
информирани и на тој начин се резистентни на различните теории на
заговор. Разните теории се доста расширени и привлечни затоа што се
изработени врз основа на менталитетот на локалното население. Логично,
одат во прилог на туѓи интереси. Од друга страна самостојна и независна
политика на една нација и држава подразбира поддршка во создавање на
автентична парадигма за објаснување на сите домашни и надворешни
феномени.

Петар Трајков

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста