Македонија сервилна на самитот на ОБСЕ – светот не слушна за проблемите со кои се соочуваме на патот кон ЕУ

Македонија сервилна на самитот на ОБСЕ – светот не слушна за проблемите со кои се соочуваме на патот кон ЕУ

Цела година Македонија претседава со ОБСЕ, Бујар Османи постојано беше на терен низ земјите-членки на организацијата, имаше средби со партнерите, беше блиску до дипломати кои може да помогнат многу во зацврстување на позициите на Македонија, на патот кон ЕУ. Сепак ретко кога стана збор за Македонија. Ниту од дводневниот Совет на ОБСЕ не се искористија приликите да се лобира и нашиот случај со непринципиелните условувања од Бугарија да се осветли, сметаат експертите. Како што секој си ја бранеше својата позиција, Македонија не ја искористи извонредната шанса, светот да слушне што се случува кај нас. Бидејќи сепак, прашањето за интегрирање на регионот во ЕУ, е прашање за безбедноста – како на регионот, така и на Европа.

Она што е негативна страна, е неискористувањето на шансата за борба за нашиот национален интерес (ЕУ). Знаете дека сме непринципиелно блокирани кон ЕУ, и требаше да се искористи шансата, ова беше извонредна шанса нашиот случај да се осветли, не мораше на состаноците овие два дена, туку преку цела година, преку средбите што ги имаше Османи. Но тој одбра тоа да не му биде една од главните теми – вели поранешниот амбасадор во ОБСЕ, Зоран Дабиќ.

Според Дабиќ позитивната страни од министерскиот совет пак е искуството, како за дипломатијата така и за целиот тим кој го органзираше настанот.

Можностите на дипломатијата се неограничени – вели поранешниот амбасадор во Лондон, Јован Донев и посебно кога имате привилегија да се видите со министрите на сите членки на ОБСЕ, тоа треба да се искористи.     

Кога имате таква привилегија да дојдете до МНР на сите членки на ОБСЕ, а тоа беше можно оваа година, ние како мала земја тешко ни одат тие Ете, Сијарто го видовте, дојде на состанокот ама лобираше за бугарската такса на гасот. Друга работа е што прашањето за членство на МК во ЕУ е прашање за  безбедноста на Европа. Требаше да се излобира, против позицијата на Бугарија. Има многу можности но за жал владата не ги користи, нема таква пракса. Еве претседателот е во Дубаи, но нема некои средби како што тоа го прават другите министри од регионот – вели поранешниот амбасадор во Лондон, Јован Донев.

Според експертите, Македонија можеше да ја искористи шансата за изградба на конгресен центар кој ќе ни служеше многу во иднина.

Уште еден пропуст кој би рекол дека го има Владата е што не се работи систематски. Кога дознавме дека ќе бидеме претседавачи, требаше да се направи пресметка колку ќе кошта сето тоа, па да се изгради еден конгресен центар, кој понатаму ќе ни служеше за други настани, како земја членка на НАТО, и утре кога ќе бидеме членка на ЕУ. Конгресниот центар чини 9 милиони евра во Брдо, Крањ, но е феноменален – вели Дабиќ.

Инаку, дводневниот министерски совет на ОБСЕ кој беше оценет како еден од најголемите меѓународни настани што некогаш се одржале во Македонија но власта не го искористи да ги испромовира националните интереси – граѓаните го платија пет милиони евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста