Кривичен се предомисли: Беким Незири и неговата група добија куќен притвор за нападот во М-НАВ

Кривичен се предомисли: Беким Незири и неговата група добија куќен притвор за нападот во М-НАВ

Кривичен сепак се корегира во одлуката. По жалбата на обвбинителството Kривичен соопшти дека одлучил Беким Незири и неговата група да ги прати во 30 дневен притвор, но не затворски, туку домашен. Од судот соопштија дека делумно ги прифатиле жалбите на обвинителот и освен куќниот притвор привремено ќе им бидат одземени патните исправи, но и ќе имаат забрана за меѓусебна комуникација:

  • Советот ценејќи ги приложените факти и докази во жалбата на обвинителот и одговорите на жалбата од страна на одбраната, а имајќи ги и предвид наводите во решенијата од претходна постапка, донесе одлука со која: Жалбите на Јавниот обвинител делумно се прифаќаат и донесе решенија со кои на четирите лица им се опредлува мерка куќен притвор во траење од 30 дена како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и Забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот“ велат од Кривичниот суд.

По решението сега треба да постапи, МВР, велат од Кривичниот суд, а станките имаат право на жалба по приемот на решението во рок од 24 часа пред Апелациониот суд.

  • Заради доследно информирање на јавноста и сузбивање на сите шпекулации и недоразбирања, сметаме дека е потребно да нагласиме дека според сите досега доставени  факти и податоци, конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде се врши навигацијата,  туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата. Но, како што нагласивме во претходното соопштение, факт е дека  осомничените презеле одредени дејствија кои е потребно дополнително да се истражат за да се утврди фактичката сосотојба. Заради сето тоа, Советот донесе решенија за определување мерки со кои ќе обезбеди дополнителна гаранција за понатамошната достапност на овие четворица осомничени“, додаваат од Кривичен суд.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста