Ќе се донесе ли воопшто законот за употреба на македонскиот јазик?

Ќе се донесе ли воопшто законот за употреба на македонскиот јазик?

Неизвесна судбината на Законот за употреба на македонскиот јазик. Четири години собранието не може да го донесе ова законско решени, кое предвидува поголема поддршка, промоција и зачувување на македонскиот јазик и кирилското писмо. Предложен прво во 2019 година, расправата за законотот беше прекината, па текстот дополнет, и повторно отворена расправа дури во мај 2023 година. Откако владеачкото мнозинство, неколку месеци незакажуваше седница на матичната комисија за овој закон, конечно сега, предлогот почна да ги поминува собраниските филтри. Но, без консензус помеѓу власта и опозицијата за дел од  амандманите. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека владејачкото мнозинство по налог на министерката на култура ги одбило важните амандмани.

Многу беше чудно одбивањето на амнадманот од страна на министерката, кога со неа го подготвувавме. Тој амандман се однесуваше на тоа, од кои институции треба да бидат членовите на Советот за македонски јазик. Постоечкиот закон одредува, претседателот на Советот да ги предлага членовите, ние предложивме секоја институција која се занимава со поддршка и промоција на македонскиот јазик да делегира свој претставник. Министерката го одби овој амандман и рече дека била советувана од Советот на македонскиот јазик, т.е од Људмил Спасов, така што, министерката не размислуваше како да донесе Закон кој ќе биде за сите генерации и употреби туку се потпре само на мислењето на еден човек, т.е на Људмкил Спасов вели пратеничката Велика Стојкова Серафимовска.

Законот предвидува основање и на Инспекторат за употреба на македонскиот јазик. Според Стојкова Серафимовска Измените во Законот се повеќе од потребни бидејќи постоечкиот закон воопшто не се применува, а приматот го зазема Законот за употреба на јазиците.  Опозициските пратеници порачаа, македонскиот јазик треба секаде да биде прв.

Да почне да се почитува, дека македонскиот јазик е секаде прв. Во сите заедници, македонскиот јазик и Кирилското писмо треба да биде првонапишан, и да видиме дали ќе биде ставен на пленарна седница и дали ќе биде изгласан – додава Стојкова Серафимовска.

Законот треба да го помине филтерот на законодавно правната комисија, а потоа да биде ставен на пленарна седница. Неизвесно е дали воопшто ќе се донесе во овој парламентарен состав, бидејќи веќе од 22 јануари, во Законодавниот дом ќе започнат процедурите за констатирање на оставки на владиниот кабинет, избор на нов претседател на Собрание – избор на технички премиер и технички министри.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста