Помирување како диктатура

Помирување како диктатура

Пред речиси три децении темата помирување во Македонија беше отворена со колумна чиј наслов прашуваше: Кој со кого ќе се помирува. Долги години помирувањето е отворена тема и треба да добие научен и институционален карактер. Во поново време понуди за помирување во јавноста се испорачаа под услов. Помирување под услови може да настане само со диктатура. Ироничната реакција на јавноста ваквото државно уредување го нарече: ,,Помират’’.
Најнапред помирување во светот треба да настане на пошироко ниво. Ако се намалат империјалните тенденции, ако се обезбеди поеднаква дистрибуција на добрата и се инвестира во автентични ентитети.
Марксизмот како класна борба и Манцинизмот како натпревар на расите беа исцрпени низ две светски војни. Па, откако комунизмот и национализмот го обезбедија своето место во историјата, во 20 век се изнајде нов модел.
Карл Попер (1902-1994) филозофот на либералната демократија предлага хипотетичко дедуктивен пристап каде обидот да се негира научната хипотеза е вистински пат кон сознание. Вистинско набљудување може да доведе до вистината. Не е сигурно, вели тој, дека утре ќе огрее нов ден само заради секојдневното набљудување и долгогодишно искуство.
Отворените општества пишува, овозможуваат луѓето со разни погледи да живеат заедно. И, така настана новата програма. На пример, вие не сте ,,таков’’ (означува малцинска група) и никаде наоколу вас, при обично набљудување не гледате ,,такви”. Но, доколку лично се вклучите во протести за права на ,,таквите’’ и преку протести и бунт во општеството обезбедите нивно признавање, тогаш наскоро ќе видите дека имало многу ,,такви’’ во твоето општество. Единствено не сме биле свесни за нив, значи методот ни бил погрешен. Вие може улогата на ,,таков’’ да ја добиете да речеме и за хонорарче. Попер му станува омилено четиво на милијардерот Сорос. Започнува новиот социјален подвиг во преработка на светот.
Конечно овие идеи го одбележаа нашиот век со разни шарени и обоени револуции, крвава арапска пролет. Откако ваквиот модел целосно се експлоатираше ама како злоупотребен, насекаде се одвиват операции под лажно знаме со крвави настани.
И, во такви услови ние се` уште не сме ја затвориле темата помирување во Македонија.
На какво ниво може да настанат условите за помирувањето е вистинското прашање.

Партиско помирување
Партиско помирување не е возможно. Партиите се создадени дуално. Дејствуваaт исклучиво една во однос на друга. Ако се здружат тие, друг политички субјект ќе навлезе во нивниот политички простор. Значи ваква идеа на теоретско ниво отпаѓа.
Ако ова го аплицирате конкретно на случајот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ тогаш тоа уште помалку е возможно. Се додека постојат политички затвореници и политички прогон, гробови, нерасчистени приватизации сегашната опозиција не е во состојба да преговара за помирување.
Значаен пресврт во поглед на помирувањето настана со доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на опозицијата и примената на принципот математички (прецизно). Применет кризен менаџмент во кој главен модус е сведување минимум на загуби и на жртви. Очигледно, да не беше таквата политика на Мицкоски досега не само што овој процес ќе се претвореше во ужас без крај, туку веројатно ќе бевме сведоци на судир како ужасен крај за Македонија.

Историско помирување

Историско помирување би било помирување на оние историски групи кои се девастирани од претходен систем. На пример старата буржоазија да се помири со црвена буржоазија. Но ваквото помирување после сто години всушност е состојба на субстантијално простување од страна на потомците на вистинската буржоазија бидејќи прашање е дали веќе постојат еднакви страни за помирување.
Пред 75 години татко му го малтретирал, на пример, мојот дедо како бугарин, денеска тој мене ме казнува како ултра македонец. Значи ниту фамозното помирување на врховисти и југословени веќе не е реално поради хаотично позајмените улоги.

Национално помирување

Подразбира нова соработка, внатре помеѓу оние кои се заколнати под знамето: Македонија на Македонците. Но, ваквото помирување едноставно не е потребно бидејќи оние кои стојат под таквото мото не се поделени туку цврсто се обединети.
Предизвикот на помирителот изгледа оtприлика вака: извршивме приватизација после која вие останавте на улица, заминавте во белиот свет со бугарски пасоши, децата ги оставивте тука, вашите родители во дом за стари или сами во селото, сменивме знаме, потпишавме Охридски договор, направивме нова територијална поделба, потоа фрлавме боја на националните споменици, потоа потпишавме договор и сменивме име на земјата. Потпишавме договор со кој историјата е веќе променета и срам ни е да издадеме нови учебници во кои ќе напишеме кој е нашиот удел. И, сега е време за помирување. Помирувањето ќе се случи во најдобар случај на локација околу Групчин. Истокот и западот ќе ги решат своите вечни несогласувања околу етничките територии. За аплаузот во тек на ова помирување се поканети оние Македонци кои потекнуват од 1944 година.
Апсурдот овде е дека откако ја доведоа македонската нација во состојба на ,,такви” односно загрозена скарифицирана група за која треба да се борат ,,карл поперовци’’ се трансформираа во патриоти спремни за протести во име на вредностите од АСНОМ.

Социјално помирување
Помирување во смисла на намалување на социјалните разлики помеѓу граѓаните исто така не е возможно само со проста декларација, храбри предлози за национализации или слично. Тоа е светски процес на раслојување кој не зависи од нашата локална волја колку и добра да е таа. И, во таков контекст колку и да сме еднакви дома, ако надвор не бидеме конкурентни, тоа помирување ќе биде сталинистичка уравниловка која нема да донесе квалитети. Се разбира, подобрувањето на стандардот на граѓаните постојано е дел од нашата задача.

Православна политика и Уранополитика
Можеби во Македонија се очекува на наша сметка да се помират православните политичари кои од верата изведуваат политички идентитет и уранополитичарите кои тврдат дека единствена нивна татковина била небото. Прашањето е формулирано како: Москва или Цариград. Помирувањето и тука не е возможно, освен ако средбата за помирување не се договори да се симне на земјата, конкретно во Македонија.

Супермен и Бетмен
Помирување на ниво на суперхероите во Македонија исто така не е возможно. Ако Демократите често се претставени со Супермен додека Бетмен најчесто ги претставува Републиканците. Помирувањето нема да настане се додека дел од Mакедонците цврсто се убедени дека на изборите во САД ќе победи опција која би била далеку по поволна за македонското прашање. Сепак многу работи зависат токму од нас.
Неодамнешни фиlмски остврувања инаку, покажаа дека Супермен и Бетмен можат да бидат тандем против заеднички непријател.

Прогресивци и традиционалци
Некако прогресивците претераа со својата ексклузивна улога во еволуцијата. Заблуда верувам настанува поради прогресот во техниката. Човештвото очекува дека се менува заедно со неговите пронајдоци. Се сомневам дека во уметноста и во општеството може да се каже дека постои прогрес. Левичарот Антонио Писес пишува дека ако Кина има подобра економија која побрзо расте од западната тогаш каква е предноста на либералната демократија. Погледнете, во моментов во светот најдобро се живее во монархиите. Сега прашањето е како оди овде прогресот? Република ли е прогрес во однос на монархија?
Артур Портер има одлична забелешка дека ниту едно од монументалните дела на една епоха не е направено на крајот туку всушност на почетокот. Може да се каже дека византиската уметност започнува со изградбата на Света Софија. Се што е изградено во тој стил ја нема надминато со векови. Ајнштајн ли е прогрес во однос на Аристотел?
Можеби пак, треба да не се зборува за прогрес контра традиција туку за две традиции. Можеби прогрес е нивната коегзистенција. Едната е усна и писмена традиција во која Господ Бог создава и владее, а другата е онаа во која божеството создало, а потоа разни ,,господи’’ помагаат во ,,ослободувањето” на сите и на сешто. Па така може да бидат во конфликт идејата и материјата, душа и тело, маж и жена на патот кон ослободувањето.
Ете дури и така поставени овие две традиции немаат потреба за помирување. Бидејќи тие од дамна се помирени во Македонија. Паралелно покрај црковните божиќни песни за деца пееме ,,да ти живо малаче’’ асоцијација за младо теле, се палат огнови, фрлање паричка за среќа пред Стара Нова Година и редица паганизми.

Македонски Помират
Останува меѓусебно да се помират само ,,карл поперовци’’. Ако им пристигне такво сценарио нека се помируваат помеѓу себе. Може да снимат, потоа закачат на платформа и ќе имат гледаност. Можеби без записник од Собраниска седница може и устав да сменат и да прогласат некакво ново државно уредување ,,Помират”. Со Емират заедничко му е само тоа што има рима.
Новото уредување ,,Помират’’ нема да е можно без нова диктатура.

Заклучок:
Тргнете ги промашените ,,карл попервоци’’ со нивните предлози за помирување и ќе си бидеме по мирни. Се надевам дека со ваков пристап правиме скромен ,,карлпоперовски’’ чекор кон претпоставките за Македонското помирување, така што да се создадат нови водечки идеи неопходни во процесот на учење. Патот кон помирувањето с да стане можен единствено како рационален, научен и преку институциите.

Петар Трајков


КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста