Ковачки: Време е да се чуе македонскиот глас, да ги донесеме промените гласно

Ковачки: Време е да се чуе македонскиот глас, да ги донесеме промените гласно

Доста е! Доста ни се национални предавства, газење на македонско национално достоинство, газење на Македонецот, распродажба на се што е македонско, пљачкање на државата, хаосот и безредието, доста е! Време е за промени за нова иднина, за нова надеж, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3 на денешниот настан.

Ковачки додаде дека огромна чест и задоволство е што ја предводи изборната единица 3. Огромна е честа е да се предводи победничката листа – спој на искуство и знаење и младост и енергија. Победничка листа за враќање на надежта која е изгубена, листа за иднина за сите, и за обнова на нашата Македонија со проекти и реформи.

„Имаме визија, стратегија и план, ја имаме Платформата 1198 со која ќе го подобриме животниот стандард и квалитетот на живот на сите граѓани. Да бидеме европски граѓани“, посочи тој.

„Пред нас се два предизвици. Најпрво да избереме претседател на Република Македонија, лидер кој ќе донесе промени и кој ќе ја направи Македонија повторно горда земја на среќни граѓани. А, потоа и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиер кој ќе ја движи Македонија напред, кон нови победи, влада која ќе нуди проекти и решенија за проблемите на граѓаните и ќе работи во нивен интерес. За Македонија повторно твоја“, рече Ковачки.

Тој додаде дека пред сите нас е голема историска одлука. Сите заедно ќе одлучуваме во каква Македонија ќе живееме. 

„Испраќам порака до сите граѓани кои денеска не се тука со нас. Одлуката е во вашите раце. Вие одлучувате за влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи одговорно, посветено, мотивирано, чесно и транспарентно и во интерес на граѓаните, наспроти влада на ДУИ и СДС каква што имавме изминатите 7 години, на порази, на неправди, на национални понижувања, на предавства, влада на криминал и корупција, влада за продолжување на агонијата. И ова мора да се промени. Овие избори се последната шанса за промени. А Промените се во твои раце“, нагласи Ковачки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста