Кој има кредибилитет да маршира за правда и да протестира против неправда?!

Власта нема кредибилитет да протестира за правна држава,а самоволието при носењето на законските измени не и остава простор за конкретни барања во оваа насока. Се меша во работата на судството, и клучните реформски закони како оној за јавното обвинителство го донесе на сила и без консензус, смета експертската јавност. Маршот за правда според политикологот Владимир Божиновски наликувал на протест на власта самата против себе.Опозицијата пак смета тој треба и мора да биде коректив на власта.

Дека извршната власт се меша во судството смета и извршниот директор на Евротинк Иван Стефановски. Смета дека е разочарувачки владата која дојде на власт со кредото за правда да го прави истото.

Изминативе денови власта маршираше за правда, а опозицијата против неправдите. Мицкоски упати три конкретни барања.Истрага и обвинение против Заев за злоупотреба на службената должност која ќе ја спроведе тим на обвинители кои нема да ги одбере Русковска. Итна ревизија на работата на врховните судии и суспендирање на активноста на Советот за реформи во правосудството и експертска помош во реализирањето на реформите.
Заев пак повикувајќи се на донесениот закон за јавно обвинителство рече дека се отвара пат за реформи во судството. Граѓаните според него биле незадоволни од правосудниот систем и спонтано се собрале решени да се борат за правда.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста