Ќе има ли казни за палењето стрништа – Шапуриќ на одмор, инспекторатот на пат

Нема одговор дали земјоделци во Кочанско заработиле казни поради тоа што во вторникот ја палеа сламата што остана на нивите откако заврши  жетвата на ориз. Алфа, од Државниот инспектотар за земјоделие  побара одговор на прашањето дали инспектори изминатите два дена биле на терен , но оттаму ни беше кажано дека ваква информација можат да споделат дури утре поради тоа што директораот Шпуриќ е на годишен одмор,  а раководителот на секторот задолжен за таа проблематика е на службено патување.

  Палењето стрништа после секоја жетва е сериозен проблем во овој регион. Државата не може да најде ефикасен механизам да го сопре палењето. Казните се многу мали, а на терен нема доволно инспектори. Во Кочани има само еден. Децении наназад Кочанско поле гори два пати во годината. Своевремено имаше иницијатива да се смени Законот со кој потпалувачот не мора да се фати на лице место за да добие пријава, но и да го изгубат правото на субвенции.

Само лани поради палење на стрништа настрадаа околу 500 хектари ниви посеани со житни култури  и овоштарници. Со палењето на сламата почвата го губи квалитетот , се загадува воздухот, а постои опасност да угинат птиците и животинките кои живеат во полињата и барите.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста