Јавноста бесна, полицијата се правда, експертите критикуват – ќе стави ли некој ред во дивеењето во сообраќајот?!

Бес, шок и неверување кај македонската јавност откако згасна уште еден млад живот. Не престанува дивеењето по улиците, автопатите, булеварите. 24 годишна девојка е последната во низата жртви која на пешачки на булеварот „Партизански одреди’, беше прегазена од 22 годишен возач. Граѓаните разочарани и гневни, бараат што побрзо институциите да си ја завршат работата бидејќи додека не важат правилата и прописите за сите подеднакво, секој еден е потенцијална жртва.

Сторителот е во полициска станица, а од МВР велат дека се чека на Обвинителството да изрече мерка притвор. Загрижувачки се податоците дека и покрај големиот број санкции изминатата година, свеста кај возачите е на многу ниско ниво.

Лицето е задржано во полициска станица, одземени се камерите од околните места и преземени се сите неопходни мерки за расчистување на случајот. Минатата година иамме околу 250 000 санкции, главно станува збор за возење со преголема брзина, неправилно престигнување, возење без возачка дозвола – изјави портпролот на МВР Тони Ангеловски.

Од Републичкиот совет за безбедност, кои во соработка со МВР спроведуваат превентивни активности за подигнување на свеста кај граѓаните, апелираат да не се надминува дозволената брзина на возење. Но се отвора дилемата, дали апелите се доволни, кога сме сведоци на многу трагични случаи, без судска разврска.

Секое возење ако не е прилагодено на условите на патот, автоматски значи ризик. Како за возачите така и за сите учесници во сообраќајот. Постојано апелираме, да внимаваат граѓаните, да не се вози над 50км на час во населено место и да се гледаат условите на патот – изјави Дејан Андоновиќ од РСБСП.

Дека дивеењето во сообраќајот не престанува, доказ се и снимките на социјалните мрежи. Често се споделуваат видеа од несовесни возачи кои возат над дозволената брзина,  а голем дел од нив не издржуваат никакви казни.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста