Ќе има ли институционална реакција по новите навреди и омаловажувања од Софија?

Ќе има ли институционална реакција по новите навреди и омаловажувања од Софија?

Негирањето на македонската нација за Бујар Османи било бркање политички поени. Ниту последните провокации од Бугарија не се доволни за македонското МНР да испрати протестна нота. За потпретседателката Илијана Јотова ние сме биле таканаречена македонска нација, а првиот дипломат само и возврати дека ваквото однесување било за осуда. Јавноста се навикна на реакциите од МНР само кога тие ќе бидат изнудени од новинарите на прес-конференции.

Знаете дека најголемата криза во односите се случи околу, пред, после изборите таму и секогаш одредени политички актери се обидуваа ова прашање да го користат за добивање на политички поени. За жал, потпретседателката што ја спомнавте предничеше во една таква кампања против Македонија, против македонскиот народ во обид да си создаде сопствен политички профил. Меѓутоа не само што во Македонија тоа наиде на едно отфрлање, туку и во Република Бугарија се повеќе јасно се гледа дека одредени политички актери без никакво чувство за важноста на билатералните односи помеѓу двете држави ја злоупотребуваат оваа тема за дневно-политички агенди. Можам само да го осудам таквиот начин којшто не носи добро ниту на Република Бугарија, ниту на односите помеѓу нашите две држави коишто се НАТО сојузници и повторно ќе кажам потпретседателката Јотова предничеше во оваа агресивна кампања која можам само да ја осудам – рече Османи

Јотова испрати серија жестоки критики кон Скопје. 

Македонија не дава ниту знак за запирање на јазикот на омраза кон Бугарија. Неприфатлива и недостојна е злобата кон сè што е бугарско, која расте и останува неказнета, и престана да биде билатерално прашање. Јазикот на омраза на Македонија кон Бугарија веќе е европско прашање – рече Јотова.

Во соопштението за нејзиниот говор објавено на веб-страницата на претседателската институција пишува „таканаречената македонска нација“.

Според Јотова, „Брисел не ги прифаќал заткулисните обиди на власта во Скопје да ја заобиколи преземената обврска за вклучување на Бугарите како државотворен народ во Устав, кој го нарече, северномакедонски.

Без Бугари во Устав нема ЕУ, порача и претседателот на бугарското Собрание кој при својата посета на Македонија во два наврати ги избегна новинарските прашања, и пред црквата Св.Спас каде се поклони на гробот на Гоце Делчев, и во парламентот каде се сретна со неговиот македонски колега.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста