Бујар Османи нема поим за „европската кампања“ вредна 350 илјади евра

Бујар Османи нема поим за „европската кампања“ вредна 350 илјади евра

Министерот за надворешни работи нема поим каква кампања ќе тера владата за да ги запознае граѓаните со придобивките од Европската Унија, и за која ќе фрли нови 350 илјади евра. Бујар Османи кој по функција мора да ги води разговорите за Европската Унија и надворешната полтика, не знае која е целта на новата владина кампања за ЕУ.

  • „Не сум точно информирам за што се работи“ одговори Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Онаку на шест месеци пред избори, владата повторно се пушти во арчење државни пари, и тоа по втор пат преку кампања и промотивни видеа, за да им каже на граѓаните убавината од членството во Европската Унија.

Се кратат, се префрлуваат, се прави ребаланс на буџетот, но владините претставници не се откажуваат да потрошат уште 350 илјади евра, пред заминување од Илинденска за кампања за ЕУ и видеа за социјални мрежи.

  • „Не можам да го коментирам тоа. Знам едно нешто, дека пресфртна точка во регионот ќе биде кога ЕУ картата нема да биде победничка карта на избори“ одговори Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Од Илинденска на прашањето која е потребата сега повторно да се трошат пари за кампања го повторија одговорот од вчера.

  • Кампањата… ќе ги опфати придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Македонија, преку повеќе канали на комуникација…“ одговараат од Влада.

Договорот потпишан пред една недела, тежи 18 ипол милиони денари, а скопската фирма „Вертиго НМЕ“ треба да изработи слоган, дизајн на лого, графички стандарди, комуникациска и креативна стратегија, дизајн на билборди, промотивни видеа и видео анимации, веб банери, графички решенија за социјални мрежи, ПР стратегии во тек на кампањата која треба да трае 45 дена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста