„Северна“ ги смрзна граѓаните – Со часови чекаат на ладно за нови документи

„Северна“ ги смрзна граѓаните – Со часови чекаат на ладно за нови документи

Нервоза, гужви и турканици пред новиот пункт за вадење лични документи без термин. На сред ноември, граѓаните мрзнат пред институциите, чекајки да извадат нов пасош или лична карта, само поради преспанскиот договор и додавката „Северна“, иако на многумина се уште им важат.

Граѓаните велат дека чекаат и повеќе од час и пол на студот, да платат за нешто за кое што веќе завршиле работа во минатото.

Освен името на државата, новите лични документи во делот за државјанство наместо „македонско“ сега ја соддржат и додавката „коса црта, граѓанин на Република Северна Македонија“. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека лично ги променил дел од своите документи, но оти не чуствува проблем што сега неговото државјанство е поразлично од она пред договорот од Преспа.

  • „Од Македонец станавте граѓанин на Република Северна, како се чуствувате за тоа?Јас сум бил Македонец, сум сега и ќе бидам и понатаму Македонец заради тоа што тоа е ноторна лага и манипулација дека национална припадност не го означува државјанството. Македонско со тире, граѓанин на Република Северна Македонија. Знаете ли друг пример што има тире во името на државјанството?Има многу, ако погледнете аналитички, ќе пронајдете различни видови на лични документи, сите според своето уставно уредување“ – Одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Алфа ТВ не пронајде пример каде државјанството е цела реченица или пак држава која користи интерпукциски знаци, како што е сега случајот со Македонија.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со критики, велат, додека власта издава пасоши, повеќе почит има кон белосветски криминалци, отколку кон своите граѓани.

  • „Овој хаос зад мене е сликата како СДСМ со Оливер Спасовски замислува европеизација. Македонските даночни обврзници ги втера во хангар да ги фотографираат, небаре е пост-конфликтен Авганистан. Ниту систем постои, ниту закажување, туку редици и турканици. Спасовски треба да престане да се слика во пред-кампања за претседател, туку да понесе одговорност и да си поднесе оставка.“ – Порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стиолковски.

Во меѓувреме, МВР и граѓаните се во трка со времето да ги исполнат заложбите кон Грција, во кои стои дека личните документи мора да се променат до февруару идната 2024та. Оние кај кои се уште стои името „Република Македонија“, за лична карта ќе мора да платат 310 денари, за нова возачка дозвола 410. За пасош, уште 2.000 денари. Додека пак на оние кои им се брза, итна постапка за патна исправа ќе ги чини 6.100 денари, а возачка 1.230 денари.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста