Изборите генерално мирни – Констатирани неколку инциденти

Изборниот ден се одвива главно во демократска атмосфера без поголеми нерегуларности. Од МВР тврдат дека досега се забележани два одделни изборни инциденти во Кичево и еден во Тетово. Дополнително жена од радовишко  село излегла на гласање и поркај тоа што имала решение за самоизолација,  а и во Кочани се забележани два изборни инциденти.  Првиот го регистрирале полициски службеници кое презеле мерки против едно лице кое се однесувало агресивно,а вториот  бил регистриран околу 11 часот, кога маж и кажал на својата сопруга за кого да гласа а откако бил предупреден од страна на избирачкиот одбор јавно кажал за кого гласал и не го свиткал уредно избирачкото ливче.

„Имаме гласач во Кичево кој го скинал гласачкото ливче, а како што изјавил тоа го сторил затоа што згрешил при заокружувањето. Имаме и еден друг случај, исто така во Кичево, од каде што нѝ е пријавено дека гласач го фотографирал гласачкото ливче со мобилниот телефон“, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Нерегуларности констатира и Јавното обвинителство кое постапува за случувањата од вчера кога во јавноста имаше аларми преку социјалните м,режи и дел од порталите за случаи на обиди за поткуп, притисоци и агитации.  Основното јавно обвинителство Кочани синоќа примило кривична пријава против две лица за кривичните дела спречување на избори и гласање и поткуп при избори и гласање, за што јавениот обвинител веднаш издал наредба до полицијата во Кочани за да се извршат проверки по наводите во пријавата.

До Комисијата на обвинителството, во текот на вчерашниот ден пристигнала и една пријава од невладина организација, за притисоци и закани упатени кон набљудувачи на изборите искажани преку коментари на социјална мрежа. Не само вчера, до комисијата во обвинителството формирана за следење на нерегуларности на локалните избори имало пријави за сторени кривични дела и претходните денови по кои се постапува.

На социјалните мрежи и денеска се споделуваат информации и видеа за наводни инциденти, злоупотреби и полициска бруталност, но засега за ова од надлежните нема потврда. Изминативе неколку дена преку бројни објави се предупредуваше дека во повеќе општини масовно се вршело поткуп за глас повеќе.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста