Дебакл на СДСМ во Скопје – Арсовска го победи Шилегов со 28 илјади гласови разлика

Партијата на власт најголемиот пораз го доживеа во Скопје. Независниот кандидат Данела Арсовска извојува победа над кандидатот на Соцјал-демократите  Петре Шилегов со предност од над 28 илјади гласови. Потегот на најголемата опозициската партија да се трка на локалните избори со независен кандидат во главниот град наспроти стариот кадар на СДСМ, било стратешки добро изиграно од самиот старт ако се знае дека Шилегов не исполни голем број од ветувањата.

„Во случајот со Данела Арсовска мислам дека стратешки постапија подобро и ја оставија да оди самостојно што овозможи поддршка од повеќе политички субјтекти и од граѓанските кандидати кои што беа независни се тркаа на овие избори во вториот круг. Од тука за мене беше очекувано Данела Арсовска да издвојува победа бидејќи СДСМ  направи грешка што одеше со истиот градоначалник што имаше неостварено бројни проекти и немаше успех во својот прв мандат“-вели Ристевска- директор на Центарот за истражување и креирање политики.

Арсовска синоќа прогласи победа откако разликата беше околу 20 илјади гласови и им се заблагодари на скопјани затоа што одбрале проекти наместо црна кампања, а досегашниот градоначалник Шилегов и ја честита победата.

„По тешки битки, бидејќи мој противник не беше само стариот градоначалник, туку и премиерот во заминување, и на мое големо задоволство истакнувам дека за прв пат во 30 години независна Македонија Скопје има жена за градоначалнкик“, рече Арсовска. 

Ѝ честитам на госпоѓата Арсовска на изборот. Благодарност до сите граѓаните и активисти кои ни дадоа поддршката. Нашите булевари, кејови, нашите зелени крвови веќе никој не може да ги избрише. Драго ми е што Скопје го оставаме во позиција неговиот развој да мора да продолжи“, рече Шилегов.

Арсовска во предизборна програма вети дека во првите 82 дена како градоначалник на главниот град ќе реализира 15 проекти меѓу кои 24-часовна канцеларија во служба на граѓаните, чистење на сите диви депонии во градот, заштита на Водно преку иницијатива за закон како и намалување на  цената на паркинзите под надлежност на Град Скопје за 25 проценти.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста