Избониот ден помина во мирна атмосфера, без некои поголеми инциденти

Седмите локални избори поминаа главно во мирна и фер атмосфера, но беа а, но беа  регистрарани беа и низа нерегуларности.  Сомнеж за покткуп, фотографирање и кинење на гласачките ливчиња, навреди кон полициски службеници па дури и физичка пресметка во Тетово се неправилностите кои беа забележани во текот на вчерашниот изборен ден. Во Струга новинарски екипи беа спречени да влезат на едно од поголемите гласачки места, полицијата им барала акредитација од ДИК иако новинарите да влезат на гласачки места доволно е да покажат медиумска акредитација.

Меѓусебна тепачка на две лица беше регистрирана  во дворот пред Основното училиште „Лирија”, во Тетово. Полицијата за овој случај приведе 62 годишен граѓанин од гостиварско Рачане. Полицијата во Велес информираше дека човек од Демир Капија кога дошол на гласање ги искинал ливчињата што ги добил за гласање и ги ставил во џеб, а село Октиси 67 годишник искинал гласачко ливче и го фрлил. Во Илинден и во Битола гласачи го фотографирале ливчето, додека во Тетово полицијата за иста работа приведе еден 36 годишен Тетовец. Во негуларностите се вбројува и омалужувањето на полициски службеник во Долно Количани.

Меѓу забелешките се и оние на „Наше Куманово“ кои тврдат дека  полицијата и други државни институции на локално ниво го наружувале изборниот процес. Од Зелен хуман град пак обвинија за импровизации и несоодветно толкување на изборниот законик.

До Основното Јавно обвинителство стигнале неколку пријави, но во мал дел се најдени елементи за сторено кривично дело велат од таму. Како најсериозно предупредување беше известувањето од американската амбасада кои пријавиле во Обвинителството, дека добиле дојава од лице кои тврдело дека 83 лица кои биле постојано осудувани за кривични дела, а се на слобода, добиле огнено оружје за да го попречат изборниот процес.

Викторија Mиткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста