Против кое зло ќе се бори Заев во вториот круг на локалните избори

Стануваат ли граѓаните кои не гласаа за власта најголемото зло од кое премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев се плаши и бара обединување и мобилизација на социјалните мрежи ? Последниот статус на Заев ја разбесни јавноста, но бурно реагира и експертската јавност. Социологот и универзитетски професор Илија Ацевски за Алфа вели дека ова е класично мајтапење ама на повисоко ниво. Со ваквото однесување Заев урива се што направил во изминатите години, па и довербата кај народот. Кога вие ќе кажете зло за партиски противник тоа значи дека сте ги исцрпеле сите можни средства за борба, вели Ацевски.

-Станува збор за една конфузна изјава. Кога вие ќе кажете зло за партиски противник тоа значи дека сте ги исцрпеле сите можни средства за борба, а другиот е злочинец, па прашањето е што треба да се случува со него, да го снема? Македонија западна во лингвистичка криза во која не се бираат зборови. Дали оние кои не гласале за СДСМ се злочинците на кои се обраќа премиерот Заев ? ова е класично мајтапење ама на повисоко ниво. Со ваквото однесување Заев урива се што направил во изминатите години, вели професорот.

А само ден по фијаското на власта со изборните резултати од првиот круг гласање, премиерот сподели статус на социјалните мрежи во кој најавува борба против злото…

-Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас.Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација. Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи.Влегуваме во вториот круг и во борба за секој еден град и за правецот на нашата земја. Сега е најважно ОБЕДИНУВАЊЕТО, напиша Заев.

Со низа навреди кон опозицијата, премиерот и претседател на СДСМ се служеше и ноќта кога се објавија првичните резултати од изборите, па се обиде поразот да го претвори во победа…Но ваквото однесување на Заев се случува веќе извесен период, а особено се зголеми во изборната кампања кога воопшто не се бира зборови ниту пак гестикулации како да се нападне политичкиот противник.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста