Две жртви во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип- Кочани

Две жртви во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип- Кочани

Во стабилна состојба се повредените во страотната несреќа што  вчера попладне се случи на експресниот пат Штип-Кочани. Тројца од нив се хоспитализирани на ортопедија и хирургија во штипската Клиничка болница, двајца се на клиниките во Скопје, еден во кочанската Општа болница и еден е пуштен на домашно лекување.

Според официјалните податоци од СВР-Штип  во сообраќајката учествувале три возила со скопски, кочански и винички регистарски таблички.  Петмина се здобиле со тешки,а двајца  со полесни повреди. И двете жртрви  24годишната скопјанка и 54годишниот кочанчанец биле сопатници во две оделни возила.
Засега надлежните не откриваат како настанала сообраќајката, но според неофицијални информации,причина за трагедијата најверојатно е  претекнување..

„Во оваа фаза од постапката не можеме да споделиме податоци со јавноста бидејќи  во тек е предистражна постапка“- изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.

Експресниот пат Штип-Кочани во употреба беше пуштен пред повеќе од една година, а  во сообраќајни несреќи животот го загубија 4 лица.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста