И од Пендаровски да е, многу е: сексизам, мизогинија и навреди на старосна основа нападите врз Сиљановска ја минаа границата

И од Пендаровски да е, многу е: сексизам, мизогинија и навреди на старосна основа нападите врз Сиљановска ја минаа границата

Неговата кандидатка за претседател не си ја знае својата земја. Да не ве враќам на некои сцени од пред пет години, цело време се трудам да бидам коректен во тој дел ама кога нејзиниот партиски лидер мене ме обвинува за мојата држава при овие факти кои ви ги кажувам, јас би му препорачал нему да набави GPS за неговата кандидатка, рече вчера вечер претседателскиот канидат на СДСМ, Пендаровски.

Навреди на старосна основа, полова припадност, или само ниски и дискредитирачки навреди од актуелниот претседател Пендаровски кон претендентката за неговата фотља Силјановска?

Кој кого носел за рака, дали таа била во втор план во нејзината кампања и потребата за неа набавен уред за орентација во просторот се само дел од реториките на кандидатот на СДСМ, Пендаровски кој со леснотија и насмевка на лицето ги презентира на неговите средби со граѓани. Дел од аналитичарите велат дека ваквите ниски удари се резултат на безидејноста на кандидатот на СДСМ кој наместо да нуди програма, сака да го омаловажи неговиот главен против кандидат, но оти нема штоф за тоа, се фаќа на своевидни дискредитации на старосна основа.

Мене не ми е јасен овој низок стил на водење кампања од страна на актуеланиот претседател Пендаровски. Мислам дека и самиот си го намалува и нивото и кредибилтетот со своите изјави. Прво е неконзистентен за изјавите за предлозите во многу аспекти. И околу предлозите кои беа за промена на Уставот, и околу неговиот главен против кандидат Гордана Силјановска Давкова. Цел тој сексизам, тоа потценување, и по полова основа и по старосна основа, па изјавата за некаков GPS. Целиот тој хумор кој пробува да го пласира, а е прилично неиздржан, мислам ќе му се удри од глава, вели Александар Ристевски – аналитичар.

Според познавачите, со ваквото опасно прибегнување кон ејџистички и мизогински јазик, се чини дека Пендаровски поставува опасен преседан за третманот на жените и постарите лица во јавниот живот, зајакнувајќи ги штетните стереотипите и дискриминацијата. Исто така, ваквото однесување не само што го поткопува достоинството на оваа група граѓани, туку и ги поткопува принципите на инклузивност и еднаквост вградени во македонскиот устав. Ристовски вели наместо Пендаровски да се фокусира да што може да направи ако добие втор мандат, што според анкетите е речиси и невозможно и како се се искупи пред гласачите, тој напаѓа под појасот и тоа политички скапо ќе го чини.

Пендаровски наместо да работи на своите недоследности и лоши одлуки кои ги носеше во последните 5 години, а тоа е што помалку или повеќе аминува се, освен законот за игри на среќа, ќе му се удри од глава, вели Александар Ристевски – аналитичар.

Инаку Пендаровски на секој негов митинг, средба со граѓаните, наместо да ја промовира својата програма и каже што тој направил во последните 5 години за Македнија,  тој акцент става на неговиата против кандиатка Силјанова и лидерот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста