Фридом Хаус: „Македонија е цикличен хибрид“ – назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата

Фридом Хаус: „Македонија е цикличен хибрид“ – назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата

Демократијата полека се задушува, судството станува се позависно, се носат контроверзни закони, борбата против корупцијата затајува, коруптивни скандали се нижат. Наместо напредок, Македонија бележи назадување во сите полиња.  Фридом Хаус во најновиот извештај земјата ја оцененува  како „цикличен хибрид“. Организацијата забележува дека македонските власти не направиле ништо значајно за подобрување на состојбите.

  • „За разлика од Украина или Молдавија, Северна Македонија не презеде значајни чекори за елиминирање на корумпираните мрежи на дејствување, а моќта продолжи да осцилира меѓу коалициите на неколку партии“ – Пишува во извештајот на Фридом хаус, „Држави во транзиција“

Во извештајот акцент се става на големите корупциски скандали кои се случија во изминатиот период и кои ја разнишаа и онака ниската доверба во институциите, како криминалот во Онкологија и пожарот во тетовската модуларна болница.  Се споменуваат и измените на крвичниот законик, кои  беа донесени преку ноќ, со цел да се намалат казните за корупција и злоупотреба на службената положба.

  • „Уште полошо, контроверзните измени во Кривичниот законик од 2023 година ги намалија казните за такви злоупотреби, предизвикувајќи отфрлање на значајни случаи, додека јавноста беше вознемирена со фатални корупциски скандали во здравството“ – Се потенцира во извештајот.

Според Фруидом хаус, најслаба алка во борбата против корупцијата кај нас останува правусудниот систем. Во меѓународниот извештај, се лоцирира метастазираниот непотизам во судската власта како и влијанието врз судиите и обвинителите.

  • „Назначувањето на нови обвинители и судии со семејни врски со истакнати политичари (меѓу кои и синот на спикерот Талат Џафери) ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизам во судството“ – Стои во документот.

Основниот епитет кој се повторува во извештајот за Макеоднија е „Цикличен хибрид“ – систем во кој смената на власта и елитите не придонеле да се случат клучни промени и реформи.

Генералчната оценка за нашата земја е 46 од вкупно 100, што е помеѓу најниските во регионот. При оценувањето, во 2023та забележано е генералено уназадување на балканските земји, за кои велат дека се „одговорни за многу загрижувачки случувања“.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста