Грозданова: Вакцинацијата против голема кашлица е најголема превентива од епидемијата

Грозданова: Вакцинацијата против голема кашлица е најголема превентива од епидемијата

Големата кашлица се разгорува, за една недела, од 15 до 21 март, пријавени се 72 нови случаи на голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 58, а останатите се во Куманово – седум, Битола – четири,а Тетово, Дебар и Струга по еден. Овие бројки се дел од неделната анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) каде се вели дека девет пациенти или 12,5 проценти од заразените се хоспитализирани.

– Станува збор за седум деца на возраст под една година и по едно лице од возрасната група од 15 до 19 години и од 20 до 29 години. Возраста на новитезаболени се движи од 0 до 44 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години- велат од ИЈЗ и дополнуваат дека заклучно со 21 март, во Македонија се регистрирани вкупно 287 случаи на голема кашлица.

Анализите покажуваат дека најголемиот дел не биле имунизирани.

-Се работи за 157 случаи од кои што или 54,7 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просечно поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 12,6 години –објаснуваат од Институтот.

Од заболените, 44 лица или 15,3 проценти се хоспитализирани, и тоа 38 или 86,1 проценти од нив се на возраст до 4 години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста