Хаос во СДСМ: Тажна судбина на партијата чија идеологија стана само полнење на функционерските џебови

Хаос во СДСМ: Тажна судбина на партијата чија идеологија стана само полнење на функционерските џебови

Хаос во СДСМ, тажна судбина на партијата која веќе нема никаква освен идеологија за полнење џебови. Тоа го покажуваат кавгите меѓу функционери кои ја гледаат само својата кожа, со цел спас од пропаѓање во живата кал. Власта е свесна дека ја очекува дебакл на изборите, па јасно е незадолството кај одредени лица што не добиле повисоко место на пратеничките листи, сметаат познавачите.

На површина излегува фактот дека најголем дел од лицата во СДСМ, таму се единствена цел да бидат во удобна фотелја во Собранието, која со себе си го носи и пратеничкиот имунитет и барем одреден период спас од евентуален кривичен прогон.

Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски за Алфа вели дека дополнителен проблем за Ковачевски е и што секојдневно расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, партија која со своите политики покрај кон десничарското гласачко крило, веќе сериозно е приближена дури и кај иделошките левичари.

-Најверојатно таму ќе имаме едни перипетии додека да се консолидира во некое ново тело, кое што повторно ќе се врати на овие изворишни приниципи кои што овозможија тие во 90-тите сепак да бидат стожер. Разбирлива е грижата кај кариерните политичари, да бидат што е можно повисоко на листите, изјави Боцевски. 

СДСМ и трет по Конгресот се уште ги нема објавено комплетните пратенички листи, иако токму за тоа одржаа Конгрес. Според Боцевски ова е тажна приказна за една партија, чија идеологија целосно се обезличила со доаѓањето на Заев, а подоцна и на Ковачевски во партијата.

-Тажен развој на настаните во една политичка партија која што на почетокот на македонската демократизација беше стожерна партија во Македонија. Под раководство на Петар Гошев таа партија ја започна демократизацијата. Во 90-тите години СДСМ настојуваше себеси да се претстави како носител на еден позитивен, отворен,  проевропски патриотизам во Македонија. Нешто од што се лишија кога Заев дојде на чело, изјави Боцевски.

Дека идеологијата на СДСМ сега станала само желба за збогатување на одредени политичари критикува и Софија Куновска, поранешен претседател на скопскиот огранок на оваа партија.

-Акционерското друштво оди во стечај. Борбата е кој ќе биде стечаен управник и ќе тргува со стечајната маса. А и кој ќе оди сургун или чија глава ќе се пазари, чија не. Струмичката пиљара уште е прилично жива и работи на спасување на сопствената глава, но и на спасување на нејзините подопашни мувички, бидејќи тие би можеле да бидат опасни ако се зад решетки, напиша Куновска.

Дека изборот на Ковачевски е на еден начин катастрофа за партијата критикува и Ивор Мицковски, поранешен партиски функционер во СДСМ.

-Според листите на квази европскиот фронт, народот има шанси не само да го казни октроираниот премиер виновен за општа амнестија и неказнивост, туку и неговиот катастрофален претходник и лажов Заев, како и одговорниот за бегството на Груевски и хаосот со пасошите, одговорните за криминалите за време на пандемијата, онкологија и пожарот во Тетово. Едноставно една прекрасна банда за шутнуење од политика, напиша Мицковски.

Според партиски извори на Алфа, еден од најнезадовлните е портпаролот на СДСМ и еден од најактивните пратеници, Дарко Каевски. Тој бил лут што Ковачевски го ставил на седмото место во првата изборна единица, па побарал воопшто и да не биде кандидат. Причината- не верувал дека неговата партија ќе успее да добие седум пратеници во оваа изборна единица. Меѓу незадоволните бил и директорот на Царина, Стефан Богоев. Тој испрати по-малку и чудна порака на социјалните мрежи, дека без ралика каква е состојбата секогаш ќе бил СДСМ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста