Готов е извештајот за бегство од модуларната болница во Штип – имало ли протусти?

Готов е извештајот за случајот со пациентот кој избега од модуларната болница, а потоа беше пронајден мртов. Што открила интерната Комисија за квалитет ќе се држи во тајност се додека не заврши целата постапка категоричен е директорот на штипската болница од каде минатиот викенд во доцните часови побегна 75годишен маж од Пробиштип. Извештајот понатаму ќе биде доставен до други комисии кои  ќе оценат дали е направен пропуст и истите соодветно да бидат санкционирани. Единствено што откри е дека таа вечер вратата била заклучена.

Неумесно е сега да кажам . се уште трае процедурата. Кога ќе заврши ќе ја обелодениме и содржината. Во моментот не е коректно да кажувам„- изјави Ѓеоргијев.

Сега починатиот маж имал тешка клиничка слика и се лекувал подолго време. Досегашната пракса во штипскиот Ковид центар укажува дека вирусот влијае и на менталното здравје кај пациентите па дел од нив знаат да бидат дезориентирани , па дури и агресивни.

 „Неретко сме доведени во ситуација да имаме пациенти кои се исклучително вознемирени, агресивни и дезорјентирани. Сме имале случаи кога настрадал инвентар , а и непријатни ситуации помегу такви пациенти и нашиот персонал– изјави Ѓеоргијев

Минатиот петок после полноќ граѓани кои живеат во близина на модуларната болница пријавиле дека на улицата има мртов човек. Поради траги од кочење првично се претпоставуваше дека е пешак настрадан од автомобил, но од обдукцијата е утврдено дека нема траги на насилство и причина за смртта е белодробна пневмонија.

На почетокот од пандемијата преку балкон од болничката соба избега суспектен пациент од Виница, а пред неколку недели од Инфективното одделение се фрли пациент.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста