Сијарто: Мирот и стабилноста на блискиот истор се клучни за Унгарија

Мирот и стабилноста на Блискиот исток се клучни за Унгарија изјави  министерот за надворешни работи Петер Сијарто по посетата на Бејрут.
Стабилноста во регионот е незамислива без мир и напредок во Либан, затоа Европската унија „треба да ја поддржува наместо да ја критикува таа земја“, рече Сијарто на прес-конференција со поранешниот либански министер за надворешни работи Гебран Басил, лидер на најголемата христијанска партија во Либан. Сијарто ја соопшти и позицијата на Унгарија во врска со можните санкции на ЕУ против Либан.
„Би било многу погрешно ако ЕУ, во оваа тешка ситуација, воведе санкции за одредени демократски избрани политички играчи“, рече тој.
Унгарија претпочита „фер и избалансиран пристап“ кон Либан, и ги отфрла сите обиди да изврши притисок врз таа земја, особено врз партиите кои што се блиски до одредена верска заедница. 
 
Минатата година владата на Унгарија кофинансираше десет црковни, здравствени и едукативни проекти во Либан.
 
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста