Европскиот земјоделски бунт се шири и во Mакедонија: Закани за блокирање на Свети Николе со трактори

Европскиот земјоделски бунт се шири и во Mакедонија: Закани за блокирање на Свети Николе со трактори

Овчеполските земјоделци со ултиматум. Од министерството за земјоделство  барат најдоцна до утре да им објасни зошто не им се продолжени договорите за закуп на земјоделско земјиште, во спротивно со трактори ќе го блокираат Свети Николе. Во моментот  за 88 земјоделци постои опасност да ги изгубат државните ниви што ги работат со години и покрај тоа како што велат, дека уште лани на време ги доставиле потребните документи.

 „Во колку немат слух, не дојдат за да ни објаснат што се случува и како понатаму ќе се одвиват работите , ние не техничка Влада, кој сака нека биде со трактори и целата машинерија со која располагаме ќе излеземе на протест. Не гледаме дали ќе биде центар или влезот или излезот на градот , ќе блокираме и не ги тргаме тракторите се додека не дојдат и не ни објаснат што ќе биде со таа земја„ изјави земјоделецот Љубе Атанасов.

Бидејќи договорите за закуп не им се продолжени, земјоделците стравуваат дека ќе ги изгубат и субвенциите. Бараат со анекс договори земјата на плодоуживање да ја добијат на 15години, со што ќе ги избегнат и трошоците за катастер и елаборати кои се движат од 30 до 40.000денари.

  „Да ги потсетеме горе во земјоделие да потхитно да ни ги продолжат договорите. 88земјоделци сме поднеле документи  и ние од таа земја живееме“ изјави претседателот на „Овчеполски фармер„ Ангел Стојчев.

Според „Овчеполски фармер„  станува збор за околу 1500 до 2000хектари ниви и дел од нив веќе се посеани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста