Експерти: Балансерот да укине или да претрпи сериозни измени за да почне да служи за тоа за што е наменет

Експерти: Балансерот да укине или да претрпи сериозни измени за да почне да служи за тоа за што е наменет

Балансер – алатка за вработување само по етнички клуч. Директори што не знаат да зборуваат македонски, министри што зборуваат само англиски, вработени кои не се ни појавуваат на работните места – балансерот наместо да ги интегрира помалите заедници се чини служи како механизам за вдомување на партиските кадри на ДУИ.

Идејата за избирање на најдобрите кадри со предност на кандидатот од помалите заедници се претвори во алатка за надграда за послушниците на Ахмети. Дел од експертите сметаат дека погрешното читање и погрешната примена на балансерот од страна на политичките партии ја доведе во опасност функционалноста на целиот систем. Професорката Тања Каракамишева за Алфа вели дека не смее да се дозволи стручноста и компетентноста, образованието и работната подготвеност на граѓаните да бидат тргнати на страна и наместо нив да се гледа исклучиво етничката припадност при вработувањето. .

Балансерот насекаде во светот е замислен како механизам со кој во случај на конкурентност, отвореност и компетитивност при избор на работник на одредено место, во услови ако двајца, тројца, или повеќе кандидати имаат еднаков број бодови по сите квалитативни основи и параметри, на работното место да влезе лице кое е еднакво рангирано како и останатите, но нему му се дава предност бидејќи е припадник на некоја потпретставена етничка заедница. Кај нас единствен критериум за вработување стана етничката припадност, јас би рекла пародија од балансер, вели Тања Каракамишева – универзитетски професор.

Според познавачите ваквиот балансер во Македонија е чиста злоупотреба од партиите , истиот треба или да се укине или да претрпи огромни измени со цел навистина да служи за тоа што е наменет, односно интеграција на помалите заедници.

Ако сакаме да направиме вистински реформи во државата ќе мора целосно да го видоизмениме неговото практикување, при што ни стојат на располагање две можности: првата е да го земеме примерот од Америка каде во 2023 година Врховниот суд ја прогласи за неуставна афирмативната акција при приемот на Универзитетот Харвард, и втората можност е законски да го прецизираме и моделираме овој принцип со цел да стане правичен и да стимулира квалитет, вели Тања Каракамишева – универзитетски професор.         

Каракамишева посочува –  ако велиме дека консенсуалната демократија во Македонија е карикатура на  вистинската консенсуална демократија што се практикува на Запад, балансерот е карикатура на западната афирмативна акција што се толерира со цел посоодветна претставеност на малцинските заедници во државата.

Инаку т.н. Балансер е содржан во темелните вредности на уставниот поредок на Македонија и е дел од механизмите за спроведување на консенсуалната демократија во земјата согласно Охридскиот рамковен договор.

https://youtu.be/xi5_2zCio4s

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста