Велковски: Власта да не тера политика на грбот на децата, потребни се негователки во градинките

Велковски: Власта да не тера политика на грбот на децата, потребни се негователки во градинките

Измените во Законот за детска заштита , како точка на дневен ред веднаш да се стават пред пратениците, денеска од Штип побра министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски. Со можноста да се полага писмено, ќе се одблокира процесот за добивање на лиценци за негователки, воспитувачки и конечно ќе се реши проблемот со недостатокот од кадар во градинките.   

   „Собранието кое има само уште неколку дена работа до конечно распуштање,дневниот ред е направен точката за измена на Законот за здравствена заштита не е ставен на дневен ред. Еве место да се грижиме за 5000 децата, да имаме негователи и воспитувачи кои ќе дојде веднаш после изборите, ние денеска на грбот на децата теараме политика, некој терат политика„ изјави министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

 „На овој начин им беше ускратено граѓанското право одредени негователи и воспитувачи да бидат вработени на веќе испразнетите места во градинките по основ на планирање„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Велковски посочи дека  во градинките се почитуваат протоколите и нема прием на деца кои не се вакцинирани против голема кашлица.  

  „Целата ситуација е на инспекциите, си ја презема ДСЗИ, којшто ги врши контролите на терен. Нашите инспектрори си продолжуват со оние редовни активности кои ги имат по закон , за да си ја прават контролата и досјеата и врз целокупниот процес на работа во градинките „ изјави Ѓоко Велковски

При денешната средба со штипските пензионери, Велковски им укажа дека во предизборната програма  на ВМРО-ДПМНЕ се предвидени линеарно покачување на пензиите и решвање на проблемот Дом за стари лица. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста